ПРЕСПАНСКА МАКЕДОНИЈА: Првата табла со ,,Северна” на јужната граница?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Прашање на денови е кога нашата земја официјално ќе стане Северна Република Македонија. Практичната примена на Преспанскиот договор, според проценките, може да почне следната седмица, кога би биле поставени првите табли со името Република Северна Македонија, пренесува Независен.

Сепак, од Владата не посочуваат конкретен датум, со објаснување дека треба да се почека во грчкиот парламент да заврши ратификацијата на пристапниот протокол за членство на Македонија во НАТО, по што се активираат неодамна донесените амандмани на Уставот. Владите на двете држави потоа треба да испратат известување до генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, дека нашата земја отсега ќе го користи името Република Северна Македонија. Според неофицијални информации, нацрт- верзијата на известувањето до ОН е веќе подготвена.

Од владата сепак нема потврда дека првата табла со името Република Северна Македонија ќе биде поставена на еден од граничните премини со Грција, веројатно на „Богородица“, иако има такви навестувања, со оглед на заклучокот од последната јануарска седница на кабинетот на Зоран Заев. Според него, првите табли со новото име ќе бидат поставени на граничните премини, во дипломатско-конзуларните претставништва и на влезовите на државните институции. Што се однесува до институциите, има најави дека првата табла со Северна Македонија ќе биде поставена на зградата на владата, а потоа и на парламентот.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This