ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР МОЖЕ ДА СЕ ПОНИШТИ: Koбен за договорот ќе е членот 46 од Виенската конвеција!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Експерти по меѓународно право укажуваат на можноста за оспорување на Преспанскиот договор и негово поништување во иднина. Се посочува членот 46 од Виенска конвенција – преку кој некоја идна влада би можела да го поништи Договорот за промена на името.

Во одделот 2 ( Ништовност на договорите ) членот 46 предвидува дека државата може да се повика прекршување на нејзиното внатрешно право, ако истото било манифестирано/очигледно и се однесувало на некое правило со фундаментално значење.

Член 46 Виенска Конвенција – Државата не може да се повикува на фактот дека нејзината согласност да биде обврзана со договорот изразена со прекршување на некоја одредба од нејзиното внатрешно право во врска со надлежноста за склучување договори како на причина за поништување на нејзината согласност, освен ако тоа кршење не било манифестно/очигледно и се однесувало на некое правило од нејзиното внатрешно право со фундаментално значење.

Според експертите кои се повикуваат на овој член и Виенската конвенција, многубројни биле прекршувањата на меѓународното право – почнувајки од потпишувањето на Преспанскиот Договор, преку референдумот па се до начинот на кое беше постигнато двотретинското мнозинство во парламентот. Постоеле најмалку 7 причини со кои договорот бил рушлив и имал правни празнини.

– Конвенцијата предвидува дека договорот може да се раскине и поради притисок и уцена. Може да се раскине и по принципот bona fides – поконкретно може да се направи и раскинување поради фактот што роковите во Спогодбата не се запазени. Ние требаше да ги завршиме сите постапки до 31.12.2018 година, тука значи настапува и пречекорување на роковите кои се врзани за овој договор, вели професорот Игор Јанев професор по меѓународно право.

Овие денови и водечки американски експерт – професор по меѓународно право Френсис Ентони Бојл исто така укажа на можноста за оспорување на Договорот од Нивици. Во изјава за весникот Нова Македонија Бојл кој бил советник во многу меѓународни организации и институции посочи на сите правни и политички контроверзии.

По потпишувањето на 17 јуни и голем број домашни експерти предупредуваа дека имало кршење на правото.
Изминатите месеци и МАНУ реагираа до Владата дека Преспанскиот договор не е правосилен без потпис од Претседателот и негова објава во Службен весник. Првиот човек на Академијата за Алфа тогаш изјави дека академиците и нивните правни експерти побарале да се завршат сите законски обврски од Преспанскиот договор – но зошто власта ова свесно или не го тргнала на страна – не им било јасно.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This