ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР ОТВОРЕН НА ТОЛКУВАЊЕ: Со преспанскиот договор не е признаена македонската нација и јазик

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонската и грчката влада се на иста линија дека вербалната нота од нашето МНР до Атина е јасен доказ оти терминот „македонски/граѓани на Република Македонија“ се однесува на државјанството а не на етничката припадност, но изгледа дека на различен начин ја сфаќаат нејзината суштина. Ципрас нема никакви дилеми, писмото од Димитров е конечен доказ дека со Преспанскиот договор не е признаена македонска нација и јазик. За грчкиот премиер, северните соседи освен што го известиле за промената на Уставот, самите понудиле толкување кое оди токму во тој правец.

-Што појаснуваат нашите соседи во овој текст што е правно обврзувачки и ги повторува обврските што произлегуваат од договорот? Прво, дека терминот nationality се однесува исклучиво на државјанството и не го дефинира или сугерира прашањето на националноста. И второ, дека јазикот на нашите соседи, како што е споменато во договорот и е признат на конференцијата на ОН во 1977 година, припаѓа на групата јужнословенски јазици. Сега што имате да порачате г-дин Мицотакис? Или треба да побарате други аргументи или да му се придружите на г-динот Каменос, изјави во парламентот грчкиот премиер.

Од Илинденска меѓутоа, поинакви појаснувања. Запрашан од Алфа за став во врска со вербалната нота, портпаролот Бошњаковски вели дека Договорот од Преспа ги дефинира и државјанството и етничките посебности.
„Според член 2(2) од Уставниот закон поимот, “Македонско/граѓанин на Република Северна Македонија”, се однесува на државјанство што не ја одредува ниту ја предодредува етничката припадност. Владата отсекогаш ова го посочувала во текот на процесот на уставните промени и претходно по потпишување на Договорот од Преспа. Македонскиот етнички идентитет е гарантиран со Член 7 став 3 од Договорот во кој јасно се потврдува дека термините “Македонија” и “македонски” ја означуваат нашата територија, нашиот јазик, нашиот народ и нашите одлики, со сопствената историја, култура и наследство“ – е ставот презентиран од владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

Ципрас е толку сигурен во своето толкување на Преспанскиот што ќе го печати во илјаднции примероци во грчките весници, за сите граѓани да можат да се уверат дека нема признавање на македонската нација,а му нуди и ТВ дебата на опозиционерот Мицотакис со истата цел, грчкиот народ да добие вистински информации. Од друга страна Заев одбива дебата со опозиционерот Мицкоски, со оправдување дека Мицкоски требал да понуди алтернатива за НАТО и ЕУ, иако шефот на опозицијата постојано повторува дека евроатлантските интеграции отсекогаш биле и се приоритет на ВМРО-ДПМНЕ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This