April 26, 2024, 11:47 pm

ПРЕСПАНСКО ЕЗЕРО ПОЛНО СО ФРЛЕНИ ЈАБОЛКА

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Видео од исфрлени јаболка во водите на Преспанското Езеро објавено е на фејсбук страницата „Моја Преспа! Мојот Ресен! Мојата Судбина“. На видеото се гледа како јаболка плутаат на површината на водата, а брановите дел исфрлиле и на езерското крајбрежје во Претор.

Снимката предизвика бројни критики на фејсбук. Дел од граѓаните со иронични и зајадливи коментари пишуваат компот од јаболка „А ла Преспа“.

„За ова стварно немам зборови, природата не е виновна за јаболката што останаа без пласман. Тоа ви е исто како во дворот да си ги истурите. Фала Богу, Солун што не е наш, ако беше наш вака ќе изгледаше, поплавен со ѓубре и јаболка“, коментираат граѓаните на Фејсбук.

Поради климатските промени од кои е погодена Преспа, регион најбогат со јаболка во Македонија, минатата година предизвика стрес кај овошките и појава на абнормална продукција на јаболка. Половина од родот од минатогодишната реколта остана непродаден.

Од Здружението на овоштари „Благој Котларовски“ изминатиот месец дел од вишокот од јаболката го донираа по старски домови, болници и други социјални установи во земјава со цел да се донира, а да не се фрла во природата.

Во последните години преку проекти на меѓународни организации се вложија големи суми пари за да се заштити езерото од земјоделскиот отпад, па некои од локалното население продолжуваат да го загадуваат.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This