ПРЕТЕПАНА ОБВИНЕТА ВО СУЧАЈОТ „ТНТ“: Обвинетата во случајот за „Космос“ Марика Зафировска, била нападната и претепана на 1-мај

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Марика Зафировска, обвинета во случајот „ТНТ“ за рушење на комлексот Космос на Фијат Цаноски, била нападната и претепана на 1 мај и поради болничко лекување не дојде на денешното судење.

Нејзиниот адвокат Дончо Наков го извести судот дека Зафировска и нејзиниот сопруг биле нападнати и претепани на 1 мај во викендичка во Катланово, од нивно блиско лице, по што, со возило на Брза помош биле пренесени во болница.
И биле констатирани повреди на нозете, главата и рбетот, поради што не можела да се движи и ќе била на боледување до 15 мај. Полициската станица Петровец била надлежна за случајот. Побара судот да закаже судење по тој датум.

Судот го одреди 11 јуни за нов датум за судење.

Вчера не се појави и адвокатот Боро Тасевски, бранител на Тони Трајковски, екс градоначалник на Гази Баба. Судијата Огнен Ставрев реагираше на неговото отсуство, бидејќи отишол во Струга да го подготвува собранието на Адвокатската комора.

Судијата Ставрев рече дека планирал да го казни Тасевски и да ги сноси сите трошоци доколку не беше отсутна обвинетата Зафировска. Побара од Трајковски да не дозволи отсуство на адвоктатот во иднина.
Врховниот суд во меѓувреме го одби барањето на адвокатот Еленко Миланов за изземање на судиите Огнен Ставрев и Осман Шабани.

Извор
Сведок.орг.мк

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This