ПРЕТЕПАН БРАНКО СИНАДИНОВСКИ: Основачот на верската заедница на православни Албанци во Македонија, истпан во скопски Аеродром

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бранко Синадиновски, основачот на Верската заедница на православните Албанци во Македонија е нападнат денеска на пладне. Алсат М дознава дека Синадиновски е нападнат физички од две непознати лица. Случајот е пријавен во полиција, која го истражува мотивот.

Како што дознава Алсат М, Синадиновски е физички нападнат во близина на неговиот стан во населба Аеродром. Тој стана познат за јавноста последниве години, по декларирањето на неговото етничко потекло и поддршката за основање на Верска заедница на православните Албанци во Македонија.

Бранислав Синадиновски е автор на книгата „Православните Албанци во Република Македонија“ која подоцна беше реобјавена како дело на Тетовскиот Универзитет. Книгата беше контроверзна бидејќи во истата се тври дека во реканскиот крај живеат 70.000 православни „асимилирани“ албанци.

Во истата книга православните Алабанци кои ги застапува Синадиновски полагаат право врз најголемото Македонско светилиште Бигорски Манастир.

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This