- Advertisement -

На социјалните мрежи денес можеа да се прочитаат повеќе статуси, според кои Никола Саздовски од Скопје, наводно бил нападнат и претепан на национална основа, како што велат неговите пријатели, со шипки и ножеви. Според статусите, Никола Саздовски е хоспитализиран, но се бори за живот.

Исто така, евидентен е и револтот поради отсуството на било какво соопштение од било која државна институција. Ниту МВР, ниту било која друга институција, нема сеуште официјално пријавено дека ваков настан воопшто се случил.

Истиот револт е насочен и кон медиумите, на кои на социјалните мрежи им се забележува емитувањето на бројни „непотребни содржини“ покрај фактот дека настрадал невин човек. Пред неколку месеци, дете беше случајно прегазено пред кумановската болница, па медиумите и институциите беа преполни со известувања и соопштенија. Малиот Алмир сосема заслужено се најде во медиумите поради неговата трагедија, но истиот третман треба да го имаат и сите други трагедии на нашите граѓани.