March 29, 2024, 11:33 am

ПРЕТЕПАН ШУМАР ВО МАКЕДОНСКИ БРОД: Двајца браќа вработени во „Македонски шуми“ краделе дрва и го претепале шумарот кој ги фатил во кражбата!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Двајца браќа вработени во Македонски Шуми во Македонски Брод го претепале реонскиот шумар Винко Костоски, дознава Инфомакс, откако истиот извршил контрола на сечата која ја правеле браќата

Како што дознаваме браќата Д.В и Р.В, инаку шумочувар и референт по приватни шуми на ден 22.11.2017 година во 14.30 часот вршеле бесплатна сеча и пустошење на шума. Кога реонскиот шумар ВИнко Костоски им извршил контрола и ги открил крадците бил брутално нападнат и натепан со секира, клоци и тупаници.

Истиот го пријавил случајот во полиција, а бил префрлен и во болницата во Прилеп поради сериозноста на повредите.

Двајцата браќа биле пријавени дека се на работно место, додека вршеле кражба на дрва, а и претходно биле казнувани и еднаш суспендирани поради истото дело.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This