April 24, 2024, 11:07 am

ПРЕТЕРАА СО ЛАГИТЕ: Портпаролката на руското МНР за „лагите“ во врска со случајот Солсбери

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Марија Захарова на Русија ја коментираше изјавата на премиерот на Чешка Андреј Бабиш, кој ја негираше изјавата на претседателот Милош Земан за производство на нервниот “Агенс” (A-234) во Чешка.

“Претседателот на Чешка јавно ги повика своите потчинети да пресанат да ја кријат вистината за производството на Новичок. Чешките безбедносни сили се принудени да признаат дека произвдувале и тестирале Новичок. Три дена подоцна, чешкиот премиер ја нарече изјавата на чешкиот претседател недоразбирање. Одлично! Претераа со лагите! ” Напиша Захарпва на нејзината страница на Фејсбук.

Во понеделникот на веб-страницата на чешката влада беше објавено соопштение во кое се наведува дека “хемиската супстанција Новичок не била произведена во Чешка, таа не била предмет на истражување или складирање”. Изјавата беше објавена по состанокот на премиерот Андреј Бабиш со шефовите на Службите за разузнавање и безбедност на земјата.

Претходно, чешкиот претседател Милош Земан изјави дека во ноември 2017 година, во Институтот за истражување во Министерството за одбрана во Брно бил тесиран нервен отров класифициран како А-230. Количината на произведениот отров била многу мала, а потоа била уништена. Тој истакна дека синтетичкиот отров А-230 се нарекува “Новичок”. Чешката контраразузнавачка служба смета дека отровот А-230 не се нарекува “Новичок”, туку дека тоа е отровот А-234.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This