ПРЕТОРИЈАНСКА ГАРДА НА ЦИА: Американецот уапсен во Белград член на елитната единица „Делта Форс“ – Вучиќ стравува од надворешна дестабилизација на регионот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Што е тоа „Тим 6“, група на американски маринци, на која, како што обелодени српскиот претседател Александар Вучиќ, припаѓал и маринецот неодамна упасен во Белград?

Станува збор за припадници на елитна единица на американските маринци, познати како „фоки“, кои спроведуваат тајни антитерористички операции, ги има стотина, а базата им се наоѓа во Дем Нек во Вирџинија и се познати како морнаричка група за воени операции (ДЕВГРУ).

Тие делуваат во воените подрачја во Јемен и Сомалија, а изведувале и воени операции во Авганистан.

Активностите на единицата ги надгледува Заедничката команда за специјални операции (ЈСОЦ), кои ги надгледуваат американските воени сили Делта.

Морнаричкиот „Тим 6“ толку често соработива со американската контраразузнавачка агенција, па понекогаш се наречени и „преторијанска гарда“ на ЦИА, наведуваат светските медиуми.

Тоа партнерство започнало во Ирак, каде заедно се бореле против екстремистите.

„Фоки“ и Делта, под команда на ЈСОЦ, научиле да работат како ФБИ агенти – тие прво ја напаѓаат метата, ја убиваат или заробуваат, а потоа собираат докази од лице место.

„Фоките“ делуваа и во Пакистан во 2008. година, а според наодите на медиумите, спроведуваат вежби и во Јужна Кореја за отстранување на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун.

Американските воени претставници потврдуваат дека во Јужна Кореја се изведуваат заеднички вежби, но не и дека им е цел убивање на претседателот на Северна Корја.

Американскиот државјанин Дејвид Корбет, кој пред неколку дена беше уапсен во Белград, е екс-маринец и припадник на елитната единица „фоки“, вработен во компанијата „Рејвен Милитари“, чиј косопственик е Џеј Футлик, некогашен специјален асистент на Бил Клинтон.

Тој е уапсен во стан во Белград, а кај него е пронајден пиштол ЦЗ-99 со избришан сериски број.

Вишиот суд во Белград му одреди притвор до три месеци.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ вчера изјави дека има надворешни фактори на кои не им одговара стабилен регион и во врска со тоа ги изнесе информациите дека во Србија е уапсено лице кое припаѓало на „Тим 6“, кој своевремено го барал и Осама бин Ладен во Авганистан.

10 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This