Претпладне облачно со сончеви периоди, попладне дожд

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Времето ќе биде променливо облачно, претпладне со сончеви периоди, особено на истокот. Од попладневните часови на запад ќе започнат врнежи од дожд, кои ќе продолжат и во текот на ноќта и ќе се прошират насекаде. На повисоките планини, врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен, а од пладне повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Утринските температури ќе се движат од минус 6 до 0 степени, а дневните од 4 до 12 степени.

Во Скопје и околината ќе биде променливо облачно, а кон крајот на денот и во текот на ноќта со врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне 10 степени.

До недела следува период на променливо облачно време со повремени врнежи, кои пообилни ќе бидат во сабота кога на места ќе наврнат и над 20 л/м2. На планините, врнежите ќе бидат од снег каде дополнително ќе се зголеми снежната покривка, а врнежи од снег ќе има и на некои повисоки места, информираат од УХМР.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This