April 20, 2024, 12:36 pm

ПРЕТПРАЗНИЧНА ДИЕТА: Ослабнете до 10 килограми до Нова година

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Празничната сезона е пред нас, пред да се снабдите со некој килограм плус, „фрлете“ се на здравата липосукциска диета.

Официјалните препораки во однос на внесот на шеќери велат дека максималната дневна дозволена количина е од 15 до 20 грама. Толку колкушто содржи еден овошен јогурт, а просечниот Македонец внесува најмалку три пати повеќе шеќер. Над 40 отсто од жителите на Македонија во текот на денот речиси не конзумираат ништо од овошје и зеленчук, а препораката е да се внесува 450 грама дневно. Значи, имаме зголемен внес на шеќер и намален внес на антиоксиданти, па така, уште пред да стигнеме до прашањето за мастите, ние веќе имаме целосна слика за многу лоша исхрана, односно за секојдневни лоши навики.

Препораката за избегнување на масти всушност го пренасочува вниманието од реалниот проблем – прекумерниот внес на шеќери! А токму мастите можат да ни помогнат да ослабнеме. Логиката на акумулација на масти во организмот се темели на резервите за подоцна. Логиката пак, на липосукциската диета, се темели на активирање на резервите во енергетски цели.

– Идејата е липосукциската исхрана да биде повеќе од диета. Развивме концепт на дието-терапија за слабеење која трае 14 дена. Тоа е брза интервенција поради прекумерната телесна тежина, зашто за тие 14 дена може да се загуби 7 до 10 отсто од почетната телесна тежина. Корективната фаза на диетата значи апсолутно да се промени начинот на кој се храниме. Таа промена се темели на препораки и насоки за минимални енергетски и нутритивни потреби на организмот, што всушност значи стандардниот внес на калории да го замениме со препорачаниот, а при тоа организмот да го снабдиме со сите биолошки функционални компоненти како што се аминокиселините, масните киселини, витамините, минералите и друго. Тоа се трите основни темели на диетата, а целта е да го натераме телото да се храни со сопствените масни резерви .

Резултатите кои се постигнуваат со липосукциската исхрана се неверојатни. Кога телото ќе го натераме да почне да се храни со сопствените масни резерви, килограмите почнуваат да се „топат“ неверојатно брзо, дури и на најкритичните места, како што се стомакот и колковите, вклучувајќи го и целулитот. Уште една позитивна страна во популарната липосукциска исхрана е што во текот на целиот протокол ве води стручно медицинско лице, па така многу полесно ќе ги надминете евентуалните кризи, а и многу се помали шансите да се откажете од целта.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This