Претседателката на Европската комисија го пpekpши протоколот и ѝ го сврте грбот на Украина

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен е обвинета за кршење на дипломатскиот протокол поради одговорот на поканата на Украина да ја посети земјата.

Само една недела по аферата „Софагет“, во јавноста излезе дека портпаролот на претседателот на ЕК, Бјорн Сајберт, во име на фон дер Лајен, ја одбил официјалната покана за посета од украинскиот претседател Володимир Зеленски, што претставува кршење на дипломатски протокол, пренесува бриселски „Политико“.

Зеленски јо покани Фон дер Лајен да ја посети неговата земја по повод одбележувањето на 30-годишнината од независноста на Украина, но наместо претседателот на ЕК, нејзиниот портпарол одговори на поканата и лично се потпиша, што претставува кршење на протоколот.

Како што се наведува, одбивањето на поканата го зголеми сомневањето за посветеноста на фон дер Лајен да ја поддржи Украина, во време на зголемени тензии меѓу таа земја и Русија.

Исто така, причината за одбивањето на поканата, наведената пренатрупаност, ги зголеми сомнежите, имајќи предвид дека годишнината се одбележува во Украина на 23 и 24 август, кога ќе бидат намалени активностите на европските институции поради летната пауза.

Главниот портпарол на Европската комисија, Ерик Мамер одби да го коментира случајот.

Некои европски претставници сметаат дека одлуката на фон дер Лајен да не присуствува на годишнината го отежнува закажувањето на самитот на Советот ЕУ-Украина, што треба да се одржи во Украина.

Портпаролот на Зеленски не беше достапен за коментар.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This