April 23, 2024, 11:13 am

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ИВАНОВ СО РЕАКЦИЈА: Остро го осудувам физичкото нacилство што се случи во текот на вчерашниот ден во затвopoт во Шутка

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, најостро го оcyдува физичкото нacилство што се случи во текот на вчерашниот ден во КПУ Затвор Скопје – Скопје.

-Безбедноста на сите притвopeни и затвopeни лица мора да биде загарантирана од затвopcката управа, за ваквите и слични случаи, не може и не смее да има никакво оправдување. Во казнено поправните установи во Република Македонија  мора  да  се  заштити  психофизичкиот  и  моралниот интегритет на лицата, да се почитува нивната личност и достоинство, како и нивното право на лична сигурност. Согласно чл.10 од Уставот на Република Македонија „Животот на човекот е неприкосновен“, а согласно чл.11 „Физичкиот и моралниот интегритет на човекот се неприкосновени и се забранува секој облик на мачење, нечовечко или понижувачко однесување и казнување“, стои во соопштението на Иванов.

Од кабинетот на Иванов додаваат дека согласно Законот на кpивична постапка, чл.176 ст.1, „При издржување на притвopт не смее да се навредува личноста и достоинството на обвинетиот“.

-Во изминатиов период до Комисијата за помилување како и до Одделението за постапување по претставки и предлози во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, беа доставени писма од граѓани кои изразуваа загриженост за безбедноста во затвopите во Република Македонија. Затоа, очекуваме што побрзо расчистување на овој, како и на сите досегашни случаи, познати или непознати за јавноста. Бараме одговорност од сите надлежни институции, стои во соопштението на Иванов.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This