ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ИВАНОВ ЈА ОДЛОЖИ ПОСЕТАТА НА АВСТРАЛИЈА

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов донесе одлука за одложување на посетата на Австралија, велат од неговиот Кабинет.

ivanov

Од таму посочуваат дека политичката состојба во земјата и тензиите меѓу ЕУ и Турција за прекин на договорот за мигрантите се причините поради кои претседателот Иванов нема да ја реализира посетата на Австралија.

Посетата предвидуваше средби на македонскиот претседател со државниот врв на Австралија, велат од Кабинетот на шефот на државата. Иванов требаше да оствари средби со генералниот гувернер, премиерот, спикерот, претседателот на Австралискиот Сенат, со претставници на македонско­австралиската група на пријателство во Парламентот на Австралија, како и со претставници на македонската заедница во Австралија

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This