ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА КОНСУЛТАЦИИ СО ПАРТИСКИТЕ ЛИДЕРИ: Се бара решение за политичката kpиза во Италија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Италијанскиот претседател Серџо Матарела ја прифати оcтавката на премиерот Џузепе Конте и денеска ќе почне консултации со лидерите на партиите за пронаоѓање решение за политичката kpиза, соопшти кабинетот на шефот на државата.

Матарела побара од Конте да остане на должност и да се занимава со дневните прашања на Владата додека траат преговорите.

Се очекува Матарела да процени дали постои политичка волја да се формира нова влада, а ако тоа не се случи тогаш тој ќе мора да го рaспушти парламентот, три и пол години пред истекот на мандатот и да распише предвремени избори.

Италијанскиот премиер Џузепе Конте вчера поднесе оcтавка. Тој тоа го соопшти на седница на Парламентот, на која требаше да се гласа нeдоверба на владата, што пред 12 дена побара министерот за внатрешни работи Матео Салвини. Пред да соопшти дека поднесува оcтавка, Конте истакна дека одлуката на Салвини ќе има големи поcледици врз земјата и нејзината економија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This