Претседателот на МАНУ за преговорите со Бугарија: Државната политика е должна да ги почитува сознанијата на македонската наука

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Коментирајќи го однесувањето на Бугарија и не/реакцијата на македонските власти, претседателот на МАНУ, академик Љупчо Коцарев во интервју со Љупчо Цветановски во емисијата „Што не е јасно“ порача дека Владата мора да ги почитува сознанијата на науката и не смее во овие преговори да оди надвор од овие рамки.

„Што се однесува до македонскиот јазик, мислам и се надевам дека државната политика за македонскиот јазик, во иднина ќе се води исклучиво почитувајќи ја науката. Државната политика е должна да ги почитува сознанијата на македонските општествени, хуманистички и културолошки науки, современата светска славистика, современата светска историска наука, и меѓународното право, според коишто македонскиот јазик и неговите дијалектни разновидности имаат и просторен континуитет (македонските дијалекти постојат и надвор од границата на денешна Македонија) и временски континуитет (македонскиот јазик опстојувал повеќе стотици години). Со други зборови, мислам и се надевам, дека за носителите на одлуки (политичарите), прашањето за македонскиот јазик е целосно затворено: Македонците, посебен народ со повеќевековна традиција, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава,“ вели академик Коцарев за Алфа.

„Земајќи предвид дека Процесот на формирањето на македонскиот народ и македонската нација не е ништо поразличен од другите балкански народи и нации; тој процес не е, и не може да биде последица на административен акт; создавањето на македонската држава е резултат на долготрајната борба на македонскиот народ и другите етнички заедници, преточена во
антифашистичката војна и поставена врз антифашистички начела; и Декларацијата на МАНУ за македонскиот јазик од 5 декември 2019 година, би сакал уште еднаш во оваа емисија да ја потенцирам важноста и клучниот придонес на МАНУ од неговото основање до денешни дни, а посебно на Промеморијата на МАНУ од 15 ноември 2020 година“ посочува претседателот на МАНУ.

„Повеќедецениските истражувања на академик Цветан Грозданов и д-р Сашо Цветковски, покажаа дека најголемиот број на икони и фрески со портретите на Св. Климент и Св. Наум се наоѓаат во Македонија, помал број во Грција, Костур и Верија, во Албанија околу Корча и Москополе, како и во Србија во деловите кои низ историјата влегувале во границите на Охридската архиепископија. Од друга страна, во Бугарија не се откриени сликани претстави на Св. Климент, Св. Наум, и Св. Јован Владимир, од средновековниот период (X-XV век) и од периодот на доцниот среден век (XVI-XVIII век). Средината која ги сметала за свои и во која се почитувале и славеле нивните култови ги сликала во црквите, и ги сметала за свои патрони, заштитници и покровители. Тие станале дел од традицијата и културниот идентитет на таа средина и народ. Со други зборови, Св. Климент и Св. Наум се извори на македонската традиција и македонскиот идентитет“, потенцира во интервјуто за „Што не е јасно“ претседателот на МАНУ, академик Љупчо Коцарев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This