March 29, 2024, 12:28 pm

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СДСМ ГРАДСКО СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА: Расте незадоволството во СДСМ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

И членовите на СДСМ кои се имаат раководни функции во партијата се разочарани и не се согласуваат со политиките на новата Влада предводена од Зоран Заев. Претседателот на општинскиот огранок во Градско, Ристе Самарџиев вчера на два месеци пред локалните избори однесе оставка од функцијата.

Членството на партијата е разочарано од непотизмот кој владее во СДСМ, според одредени информации кај многумина чашата ја прелил законот за јазици, кој предвидува двојазичност во Република Македонија, двојазични унофирми и други работи за кои Заев пред да стане премиер кажа дека нема да бидат донесени.

Самарџиев, кој инаку повеќе од 4 години бил претседател, преку Фејсбук ги информираше своите сопартијци дека поднесува неотповиклива оставка од својата функција.

-Драги сопартијци, почитувани симпатизери на СДСМ Градско. Должен сум јавно да Ве информирам за мојата неотповиклива оставка од функцијата Претседател на општинската. Оставката ја давам чувствувајки потреба од нова енергија, движечка сила и мотив кој очајно го бара општинската организација на СДСМ Градско, а која во пресрет на локалните избори во октомври верувам ке го најде. Ви благодарам на досегашната подршка и помош која сестрано ми ја дадовте, напиша на Фејсбук, сега веќе поранешниот претседател на општинскиот огранок на СДСМ во Градско, Самарџиев.

Внатрепартиски превирања пред неколку има и во локалниот огранок на владеачката партија во градот од кај што доаѓа токму Зоран Заев, Струмица. Пред неколку дена порталот Денешен објави дека Љубинка Вета и Наќе Гогов, двајцата советници од СДСМ во Советот на општина Струмица отворија војна на социјалните мрежи, со обвинувања за бизниси, алчност, лакомост, егоизам, мизерен карактер и препорака за дијазепами.

-Еднаш неправедно матичната партија СДСМ го разреши од директор на тогашниот Медицински центар во Струмица, во моментот кога тогашниот министер за здравство, планираше да го прогласи за најуспешен менаџер. Сега не го разрешивте, се разбира, зошто требаше да назначите директор на ЈЗУ Општа болница Струмица, а тој беше во трка со колегата Др Наке Гогов, Многу размислуваше пред да каже дали би сакал повторно да биде кандидат, зошто тој лесно не носи одлуки, ама ако донесе, таа е поткрепена и со план и стратегија за понатамошно дејствување за да ги постави работите како што тој умее – под конец. Одговорноста и посветеноста се негови најголеми доблести. Сте побарале од Здравствената комисја во Скопје двајца кандидати, тој, мојот брат на 57 години-специјалист анестизиолог, мислам и примариус и Др Наке Гогов -специјалист невролог, кој за некој месец ќе прави 64 години. По вашите критериуми, кадровици од мојата партија, како што најавивте сте избрале најстручни и најспособни директори…а, изборот падна на Др Наке Гогов кој ми е од браншата и со кој сум заедно во Советот на Општина Струмица, пишува Вета.

 

На ваквиот статус на Вета реагираше Миле Гогов, син на новиот директор на болницата Наќе Гогов, кој во статусот на Фејсбук напиша и низа навреди кон својата сопартијка.

-Навидум си културна, навидум ти не навредуваш, а ти кажуваш дека одлуката паднала на ,,неспособниот,, Д-р Наќе Гогов.Епа вака да расчистиме едно. Ти бааги време имаш раскрстено со докторството.Мојот татко одлучи да биде доктор, а ти бизнисмен или бизнис-woman, на што не ти е таа лоша варијанта.Имаш заборавено дека мојот татко ти има помогнато додека ти работеше приватно до многу скоро. Имам слушнато за многу доктори пофални зборови, некои критики. Ама за тебе освен некаковото лигавење по фб, НЕ СУМ ВИДЕЛ НИТУ СЛУШНАЛ НЕКАКВА СИ ДИЈАГНОЗА , ЛИЧНО ОД ТЕБЕ,НЕКАКВО ЛЕКУВАЊЕ НА ГЛАВОБОЛКА,ВРТОГЛАВИЦА, РАЗРЕШЕН СЛУЧАЈ, пишува Гогов меѓу другото.

Многумина велат дека е очигледно дека од владеењето на Заев, кој на власт дојде како поразен на избори, но даде низа големи ветувања на албанските партии, кои сега почна да ги исполнува, незадоволни не се само поголемиот број граѓани на Македонија, туку и членовите на неговата партија. Низ кулоарите се зборува дека членовите се разочарани од непотизмот кој владее во партијата и поставувањето на раководни места на лица кои се блиски пријатели или роднини до најголемите луѓе во партијата.

 

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This