ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СТОПАНСКА КОМОРА ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕТО НА ДАНОКОТ: Не може да се рече вие дискутирајте, а ние ќе тераме по свое!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бизнисмените и министерот за финансии Драган Тевдовски на денешната вонредна седница на Управниот одбор на Стопанската комора расправаа за зголемувањето на даноците кои според бизнис секторот е избрзано. Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески рече дека за три дена, откако министерот Тевдовски ја промовираше даночната реформа не можеле да направат детална анализа, но дека неколку бизнисмени направиле анализи за нивните компании. Стопанската комора предвидува огромно зголемување на трошоците кај фирмите и намалување на нивната конкурентност на странските пазари.

„ Од она што го чув од нив е дека ќе им се зголемат трошоците за околу 35 отсто од оданочувањето од личниот доход, и за околу 50 отсто по сите други основи. Но тоа е само една фирма, а на денешната седница сите ќе ги кажат своите ставови и ќе споредиме со она што го предлага Владата. Секое ново оптоварување кога ние се бориме да ги намалиме трошоците и да ја зголемиме конкурентноста на македонските компании, ќе значи намалување на нивната конкурентска моќ надвор. Треба да се има предвид дека има 154 странски компании во Советот за странски инвеститори и треба и со нив да разговараме и ни треба период за да изанализираме пред Владата да ја донесе одлуката“, рече Азески.

За крај Азески порача дека не може да се глуми дискусиија и дебата, а владата да не послуша ниту еден од советите на приватниот сектор.

„Може методите да се разликуваат, но Стопанската комора не е против нешто што е од интерес на државата, затоа сме спремни да расправаме. Не може да се рече вие дискутирајте, а ние ќе тераме по свое“, рече Азески.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This