Претседателот Пендаровски и претседателката Зурaбишвили положија венци на гpoбoт на Гоце Делчев во црквата Св. Спас

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денеска во рамки на официјалната посета на претседателката на Грузија, Саломе Зурабишвили на Република Македонија, претседателот Пендаровски и претседателката Зурабишвили положија венци на гробот на Гоце Делчев во црквата Св. Спас во Скопје.

По завршувањето на церемонијата, претседателот Пендаровски и претседателката Зурабишвили во црквата Св. Спас ја посетија спомен-собата на Гоце Делчев, каде им беше презентиран саркофагот со кој се пренесени моштите на Гоце Делчев од Софија.

Претходно, во претседателскиот кабинет, претседателот Стево Пендаровски на церемонија со највисоки државни и воени почести ја пречека претседателката на Грузија, Саломе Зурабишвили, по што се одржаа тет-а-тет средба и пленарен состанок на официјалните делегации, а беа потпишани Спогодба меѓу Република Македонија и Грузија за укинување на визи и Меморандум за соработка во областа на културата меѓу Министерството за култура на Република Северна Македонија и Министерството за култура, спорт и млади на Грузија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This