Претседателот Пендаровски со сопругата на „Браќа Манаки“: Скромно и без црвен тепих годинава на „Манаки“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во пациото на Завод и музеј во Битола вечерва се одржа настанот за 41 издание на фестивалот на филмската камера „Браќа Манаки“.

Без црвен тепих, без филмскиот гламур, без филмските работници од странство со малку публика, но по протокол заради коронавирусот, со речиси едночасовен настан се присетивме на ликот и делото на Браќата Манаки.

Се обратија покровителот на фестивалот претседателот на државата Стево Пендаровски, градоначалничката на Битола Наташа Петровска, директорката на фестивалот Гена Теодосиевска, амбасадорката на САД Кејт Мари Брнс.

Претседателот на Друштвото на филмски работници Игор Иванов наградата на ДФРМ „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ му ја врачи на годинашниот добитник режисерот Столе Попов.

„Кога настапуваме на фестивали, го пишува на земјата и таму се вее знамето на нашата земја Македонија, Република Северна Македонија. Ако треба со некое име на автор да ја означам нашата кинематографија, македонската кинематографија – тоа несомнено е Столе Попов“, рече Иванов потсетувајќи на најважните награди признаија на Попов која кулминираше со номинацијата за Оскар за документарен филм во 1979 година, за „Дае“.

„Филмовите на Столе Попов не излегуваа од киносалите, репликите од неговите филмови се дел од урбаниот живот и жаргон на скопјани, на луѓето од Битола, на сите кои живееме овде. Тој е несомнено еден од најголемите културни дејци на времето кое го живееме и во годината во која нашето Друштво на филмските работници на Македонија ја одбележува 70-годишнината од своето постоење, исклучително ми е драго што нашето најголемо признание „Големата ѕвезда на македонскиот филм“ ќе му ја доделиме на Столе Попов“, рече Иванов.

Заблагодарувајќи се за наградата Попов рече дека секоја награда со годините може да се релативизира, но сепак има два типа на признанија кон кои не може да биде индифирентен и ги прима со голема радост, а тоа се наградите од публиката и од колегите.


„Секој што се занимава со филм знае за тешкиот и макотрпен пат да се дојде до филм, тоа се илјадници помали и поголеми битки, од најтешката битка со самиот себе си за да се оствари визијата која ја носите во себе и на најсугестибилен начин да ги придобиете соработниците со кои работите за да од практично ништо направите нешто што публиката ќе го засака и ќе го гледа и тоа нема да се изгуби со текот на времето. Моите филмови главно се занимаваат со вечната тема во кинематографијата, тоа е пред се’ слободата и љубовта. Нема ништо поиманентно за слободата од идентитетот на човекот, неговиот јазик, неговата култура, неговата духовност и духовноста на средината во којашто живее. Би сакал да скренам внимание на луѓето кои се занимаваат со политика да не забораваат и да не ги занемаруваат тие фундаментални вредности на светската кинематографија и демократија, кои се’ почесто се занемаруваат и губат. Да имаат една работа на ум дека со сила и на сила убавина нема”, рече Столе Попов.

Преку видео обраќање гостите ги поздрави добитникот на „Златната камера 300 за животен опус“ Јануш Камински.

„Благодарение на овој фестивал, Битола и нашата држава се препознаени во светот на седмата уметност. За жал, годинава го нема црвениот тепих и препознатливиот гламур пред Центарот за култура во Битола, ги нема филмските проекции и полната киносала, ги нема драгите гости од светот на филмот. Пандемијата со Ковид-19 ги промени сите планови и предвидената програма за 41. издание на „Браќа Манаки“. Сепак, традицијата продолжува, и во скратена и во изменета форма фестивалот и понатаму живее“, рече претседателот Пендаровски.

Тој им честита на годинашните добитници: Јануш Камински, лауреат на Златна камера 300 за животен опус и Столе Попов, кому му беше доделена наградата на ДФРМ „Голема ѕвезда на македонскиот филм“.

„Токму деновите на пандемијата ни покажаа колку е важна уметноста и, особено, која е моќта и улогата на филмот. Се разбира дека искуството на гледање филм на големото филмско платно е незаменливо и верувам дека со нормализирањето на состојбата, повторно, со зголемен ентузијазам и со љубопитност ќе се вратиме во кината“, додаде претседателот Пендаровски.

Градоначалничката на Битола, Наташа Петровска говореше за тоа дека фестивалот „Браќа Манаки“ го одржува пулсот на градот Битола.

„Во градот во којшто катадневно се случуваат низа настани, кој постојано живее со културните настани, градот којшо ја чува уметностао д античко време, од Хераклеа до секоја фасада во нашиот град. Токму во овој град може да се спакуваат низа животни ситуации и да претставуваат мотив за следни кинематографски изданија. Сето ова е длабок мотив да го сочувате фестивалот, дури и во вакви околности во кои се наоѓаме, како што е пандемијата. Сето ова е мотив повеќе и ние да оставиме нешто за следните генерации“, рече Петровска и им честита на годинашните добитници на наградите, какао што рече, „со многу повеќе верба во следното“.

Од името на фестивалот зборуваше директорката на “Браќа Манаки“, Гена Теодосиевска, која кажа дека веќе се подготвува следното издание на фестивалот.

„Подготвуваме квалитетна програма за да поканиме филмски уметници кои ќе бидат вистинските јунаци на новите слики, да ни дојдат гости и посетители од целата наша земја, регионот, како и што се случуваше во последните години. Би сакала да им се заблагодарам на сите што го сакате фестивалот, што го поддржувате, и ја поддржувате филмската уметност, колку и да е интересна, колку и да е, можеби, комплексна, но се обидувате секогаш да навлезете во нејзината слика како да сте вие дел од неа. Многу ќе ми недостасуваат, и мислам дека на сите ни недостасуваат, тие осум дена полни со адреналин кога трчаме од едно до друго кино. Знам дека целата оваа година, на идното издание догодина, ќе им ја раскажуваме на нашите гости, кои што ќе ги пречекаме овде во Битола, а тие ќе бидат растрчани од Центарот за култура, до Малата сала, до Големата сала, до Магазата, до Пациото и до новото Кино Манаки, кое што Општина Битола, сепак, успеа да го направи. Драги мои пријатели, многу ви благодарам што овој еден час, овој драгоцен час за нашиот мал тим, бевте со на“, рече Теодосиевска.

Амбасадорката на САД, Кејт Мари Брнс рече дека е достојно за почит се одржува наследството на браќата Манаки и овој фестивалот.

„Г-дине Камински, со вашата неприкосновена исклучителност направивте едни од највпечатливите и најважни филмови во последниот четврт век да бидат доживеани на филмското платно. Г-дине Попов, со вашата исклучителна работа придонесувате не само за афирмацијата на националната кинематографија, туку придонесувате и кон светското филмско богатство. Во последните неколку месеци, додека ја живеевме новата реалност на карантини и полициски часови, всушност филмската уметност во сите свои различни форми и која ја гледаме на различни начини беше она што успеа да не’ одржи во некаков вид на нормалност, успеа да ни ги одвлече мислите, да не’ занимава и да ни даде надеж. А всушност, луѓето на кои им е посветен овој фестивал – кинематограферите, се срцето на оваа уметничка форма. Тие се оние луѓе што стојат зад камерата и кои што ги оживуваат приказните, преку кои што понатаму ние можеме да се поврземе“, рече амбасадорката Брнс.

Беше емитуван кус документарен филм кој што го подготви општина Битола специјално за вечерва за ликот и делото на браќата Манаки и за изградбата и опремувањето на новото кино Манаки на Широк Сокак.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This