ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТИ: Веќе се уфрлаат нови играчи за новата голема битка за Македонија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зоран Заев не сака да биде кандидат за претседателската фотеља бидејќи како премиер има многу поголеми политички овластувања. Иванов нема право да се кандидира за претседател на државта, како ни Груевски…Сите во јавноста уфрлаат имиња на „нови играчи“

© AP Photo / Thanassis Stavrakis

Редовните претседателски избори во Македонија би требало да се одржат на пролет идната година, но кампањата веќе на големо е во тек. Тоа може да се заклучи и по пораките од протестниот собир кој опозициската ВМРО-ДПМНЕ го одржа пред два дена, а од кој на конкурентите им порача дека, ако не претходно, силите ќе ги одмерат на претседателските избори.

Ѓорѓе Иванов, актуелниот претседател на Македонија, кој на опозицијата највеќе и одговара ,нема да може да биде кандидат бидјеќи е на крајот на вториот мандат, што според законите е лимит. Никола Груевски, бившиот премиер на државата и некогашен лидер на најголемата политичка партија ВМРО, а моментално политички азилант во Унгарија, исто така немада може да биде кандидат на опозицијата бидјеќи, праведно или не, во Македонија е осуден на две години завтор, со што законски е оневозможен да се кандидира.

Бранко Ѓорѓевски, аналитичар за „Спутинк“, се согласува дека во тек е потрагата за најдобриот кандидат и дека се следат реакциите од граѓаните.

„Веќе се уфрлаат во игра некои имиња. По мое мислење, што се однесува на владејачката коалиција, интересно е тоа што албанските партнери од ДУИ излегоа со став дека кандидатот за претседател треба да биде заеднички, одбран во консензус помеѓу владејачката коалиција, а не секој да има свој кандидат“, напоменува Ѓорѓевски.

Како што додава, премиерот на Македонија Зоран Заев, кој не сака да биде кандидат за претседателскат фотеља од проста причина што како премиер има многу поголеми политички овластувања, и неговата партија СДСМ се уште јавно се нема изјаснето за овој предлог на својот коалиционен партнер. Ѓорѓевски, меѓутоа, смета дека е доста реално Заев да ја прифати таа опција бидејќи му е потребно да ја зацврсти постоечката коаиција, поради низа на обврски кои мора да ги испочитува.

„Веќе во јавноста се шпекулира со името на идниот кандидат, а тоа е бившиот министерза надворешни работи Денко Малевски, за кого лидерот на ДУИ рекол дека е прифатлив кандидат за оваа функција. Од СДСМ за ова никој се нема изјаснето, а лично верувам дека тие како кандидат за претседател повеќе сакаат да ја видат Радмила Шекеринска, која е прифатлива и за меѓународниот фактор“, вели соговорникот на Спутник.

Што се однесува на опозицијата, Ѓорѓевски вели дека најверојатно нема да има единствен кандидат и уверен е дека партиите предност ќе им дадат на оние имиња кои се истакнале во народните протести против владејачката опција.

„Тука се бара личност која би била прифатлива за цел блок на граѓани кои имаат отпор кон валста, а мислам дека таа личност треба да се бара во кругот на универзитетските професори кои посебно се истакнаа во кампањата против референдумот и против договорот со Грција“, смета Ѓорѓевски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This