,,ПРЕТСЕДАТЕЛСТВОТО ЌЕ ДИШЕ НА АЛБАНСКИ”: Средба на Претседателот Пендаровски и Директорот на Агенцијата за употреба на јазиците Села

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Република C Македонија, Стево Пендаровски денеска се сретна со Илбер Села, директор на Агенцијата за примена на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на Република C Македонија.

На средбата се разговараше за условите во однос на примената на Законот за употреба на јазиците од страна на јавните институции во Република C Македонија.

Директорот Илбер Села го информираше претседателот Пендаровски за досегашните реализирани активности, како и за предизвиците и плановите на Агенцијата при спроведувањето на Законот. Тој го истакна значењето на примената на Законот од страна на институцијата Претседател на Република C Македонија и изрази очекување дека и други институции во државата наскоро ќе го приспособат нивното работење согласно Законот за употреба на јазиците.

Двајцата соговорници констатираа дека почитувањето на Законот за употреба на јазиците дава значителен придонес за развојот и нeгyвaњето на меѓуетничкиот coживот, како и во ocтварувањето на стратешките цели на Република C Македонија, полноправно членство во НАТО и Европската унија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This