Претставен Samsung Galaxy S20 FE: Креиран за сите, наменет за тебе

Поврзано

- Advertisement -

Тројната камера од професионален ранг, живописни бои и внимателно одбрани премиум иновации

- Advertisement -

Samsung Electronics денеска го претстави Galaxy S20 Fan Edition (FE), премиум флегшип паметен телефон кој што ги обединува омилените функции на Galaxy серијата, по желбата на нејзините најверни фанови, со почетна цена од 38,999 МКД.

Последните месеци, светот каков што го знаеме значително се промени, а фокусот се насочи на поврзаноста и достапноста на сите содржини и функции, без оглед на кое место се наоѓаме, а тоа и даде на технологијата уште позначајна улога во секојдневниот живот. Затоа Samsung го креираше Galaxy S20 FE, за да може флегшип мобилното искуство да биде понудено на што голем број на корисници. Овој телефон ги обединува одбраните карактеристики на Galaxy S20 серијата, како што се super smooth scrolling екранот, камерата која што работи со помош на вештачка интелигенција, напредниот чипсет, хипер брзата конекција, целодневната батерија[1], просторот за складирање со можност за зголемување[2], како и премиум дизајнот.

„Ние сме во постојан контакт со нашите најверни фанови и внимателно слушаме што е тоа што најмногу им се допадна кај Galaxy S20 серијата, кои опции најмногу ги користеле и што сакаат да видат на новите паметни телефони“, изјави Dr. TM Roh, претседател и директор на одделението за мобилни комуникации во компанијата Samsung Electronics. „Galaxy S20 FE е најновиот член на Galaxy семејството кој означува почеток на новиот начин на овозможување на Samsung иновациите до што поголем број на корисници.“

Изразете се на најдобар начин

Во последно време, снимањето фотографии, видео снимки и нивното споделување со пријателите стана најдобар начин на кој што корисниците можат да ја изразат својата посебност. Токму поради тоа, Galaxy S20 FE доаѓа со камера од професионален ранг, со селфи камера од 32MP, со tetra-binning технологија која што овозможува инстант снимање на врвни фотографии за друштвените мрежи.

Со големите визуелни сензори кои што вклучуваат обработка на фотографии во повеќе кадри, корисниците со леснотија ќе можат да снимаат фотографии богати со боја, дури и во услови со слабо осветлување. Night mode обработката на слики со помош на вештачката интелигенција со леснотија го стабилизира кадарот во текот на снимањето, така што корисниците можат во целост да се фокусираат на забавата.

Кога не се во непосредна близина на случувањата, на корисниците им е на располагање моќниот 30X Space Zoom[3]кој овозможува правење на сјајни и чисти фотографии. Обработката и споделувањето на фотографиите и видео материјалите е многу важно за фановите, па така S20 FE им дозволува, како вистински професионалци да креираат врвни содржини во реално време.

За да го одрази личниот стил на корисникот, Galaxy S20 FE доаѓа во дури шест живописни бои, кои што прилегаат на сечиј став, изглед и личност, а се ускладени и со клучните елементи на дизајнот на софистицираната Galaxy S20 серија. Боите во кои ќе биде достапен S20 FE во Македонија се Небесно сина, Небесна ментол-зелена, Небесно виолетова, Небесно црвена, Облак бела, Небесно портокалова[4]. Исто така, материјалот од кој што е направен овој премиум уред максимално ги намалува трагите од отпечатоците на прстите и дамките.

Правете го она што го сакате

Кога е паметниот телефон во центарот на секојдневниот живот на корисникот, сѐ што треба да овозможува е беспрекорно искуство – од дизајнот до перформансите. Затоа, Samsung го опреми новиот Galaxy S20 FE со напреден процесор и ја прилагоди 5G мрежата[5] за да го постигне токму тоа. Ова е совршен уред за листање на содржина или гледање на видео запис со супер мазниот 6,5 инчен[6] Infinity-O Super AMOLED екран и освежувањето на сликата од 120 Hz. Исто така, Galaxy S20 FE е поврзан со останатите производи од Galaxy екосистемот, како што се Galaxy Buds Live безжичните слушалки и Galaxy Fit2 паметната нараквица.

Сѐ што сакате без никаква грижа

Паметниот телефон Galaxy S20 FE е опремен со моќна батерија која може да трае цел ден[7]. Издржливата батерија од 4.500 Mah, моќните AP перформанси и супер брзото полнење, на секој корисник му овозможуваат да го прави тоа што го сака, без било каква грижа за траењето на батеријата[8]. На корисниците на паметниот телефон Galaxy S20 FE им е обезбедено врвно мобилно искуство со поддршка на три генерации за надградба на Android (OS) оперативниот систем, како и опциите за безбедносна заштита што следат по нив.

Достапност

Galaxy S20 FE ќе биде достапен на домашниот пазар од 2 oктомври 2020 година, по цена од 38,999 МКД. Постои и нарачување однапред, кое почнува од 23.септември 2020 година. Повеќе информации ќе пронајдете на: https://www.samsung.com/mk/offer/preorder-galaxy-s20fe/

Galaxy S20 FE Спецификации

Екран

6.5 инчен рамен FHD+ Super AMOLED

Infinity-O Display (1080×2400), 407ppi, HDR10+ сертифициран

120Hz refresh rate

* Infinity-O Display: скоро без рамка, рамен екран.

* Мерен дијагонално, големината на екранот на GalaxyS20 FE е 6.5 инчи и 6.4 инчи сметајќи ги и заоблените работи; површина за прикажување на содржината е помала како резултат на заоблените агли и дупката на камерата.

Димензии и тежина

74.5 x 159.8 x 8.4mm, 190g

Камера

Предна

32MP Селфи Camera

– Големина на пиксели: 0.8μm

– F2.2(80˚)

Задна тројна камера

12MP Ултра широка камера

– Големина на пиксели: 1.12μm

– F2.2(123)

12MP Широкоаголна камера

– Dual Pixel AF, OIS

– Големина на пиксели 1.8μm

– F1.8(79˚)

8MP Телефото камера

– Големина на пиксели: 1.0μm

– F2.4(32˚)

Space Zoom

– 3x Оптички зум

– До 30x Супер револуционерен зум

– OIS (Оптичка стабилизација на сликата)

– Следење на AF

** Galaxy S20 FE Hybrid Optic Zoom ја комбинира сликата со висока резолуција со можност да се зачува.

*Super Zoom резолуцијата вклучува дигитален зум, што може да предизвика намалување на квалитетот на сликата.

Процесор

7nm 64-bit Octa-Core Процесор

– 2.7GHz (Максимална брзина на часовникот) + 2.5GHz + 2GHz

Меморија

[LTE]

8GB RAM (LPDDR5) со 256GB внатрешна меморија

6GB RAM (LPDDR5) со 128GB внатрешна меморија

* Може да се разликува според моделот, бојата, пазарот и операторот.

* Достапната меморија може да варира во зависност од претходно инсталираниот софтвер.

Меморија која може да се надополни и SIM картичка

Модел со една SIM картичка

-Една Nano SIM и еден MicroSD слот (до 1TB)

Модел со две SIM картички (Хибриден SIM слот)

– Една Nano SIM и една Nano SIM или еден MicroSD слот (до 1TB)

* СИМ-картичката се продава одделно. Достапноста на двојна SIM-картичка може да варира во зависност од пазарот или операторот.

* MicroSD картичката се продава одделно. Достапноста може да варира во зависност од земјата и производителот.

* Достапноста на eSIM може да варира во зависност од земјата и мобилниот оператор. Проверете со вашиот оператор дали вашиот пакет на мобилни услуги поддржува eSIM.

Батерија

4,500mAh (типично)

*Типична вредност тестирана под лабораториски услови на трети лица и ја представува проценетата просечна вредност со оглед на отстапувањето во капацитетот на батеријата меѓу примероците на батеријата тестирани според IEC 61960 стандардот. Номиналниот (минимален) капацитет е 4.370mAh за Galaxy S20 FE. Вистинското траење на батеријата може да варира во зависност од јачината на мрежата, моделите на употреба и други фактори.

Полнење

Брзо безжично полнење 2.0 USB PD 3.0 (PPS) сертифициран брз полнач за жично полнење (AFC и QC2.0 компатибилно)

*WPC сертифицирано безжично полнење

*Wireless PowerShare

*Fast Wireless Charging 2.0, моментално е достапен со Wireless Charger Stand, Wireless Charger Duo Pad и други уреди што поддржуваат безжично полнење од 10W или повеќе. Се продаваат одделно. Брзината на полнење може да варира во зависност од начинот на употреба, условите за полнење и други фактори. Безжичниот полнач бара поврзување со струја. Препорачано е да се користи фабричкиот кабел за полнење, бидејќи адаптери на други производители можат да му нанесат штета на Wireless Charger Stand и Wireless Charger Duo Pad или да ја намалат брзината на полнење.

OS

Android 10

Мрежа

(NSA), Standalone (SA), Sub6 / mmWave

[LTE] Подобрен 4×4 MIMO, до 7CA, LTE Cat.20, до 2.0Gbps Download / До 200Mbps Upload

[Wi-Fi] Wi-Fi 802.11 a/b/g/n/ac/ax 2.4G+5GHz, HE80, MIMO, 1024-QAM, До 1.2Gbps Download / До 1.2Gbps Upload

[Bluetooth] Bluetooth® v 5.0, USB type-C, NFC, Локација (GPS, Galileo, Glonass, BeiDou)

*Брзината може да варира во зависност од пазарот, операторот и корисничката околина.

* Покриеноста на Galileo и BeiDou може да варира. BeiDou можеби нема да е достапна за одредени пазари.

Плаќање

NFC, MST

*Може да варира во зависност од пазарот, операторот и другите произведувачи.

Сензори

Ултрасоничен сензор за отпечатоци, Акцелерометар, Барометар, Жиро сензор, Геомагнетски сензор, Hall сензор, сензор за близина, RGB светлосен сензор

Автентикација

Начин на заклучување: Шема, PIN, лозинка

Аудио

[AKG стерео звучници]

Околен звук со Dolby Atmos технологијата (Dolby Digital, Dolby Digital Plus вклучени.)

* Слушалки: Хибриден канал, двонасочна динамична единица

[Ултра висок квалитет на аудио плејбек]

UHQ 32-bit &DSD64/128 поддршка

PCM: До 32 bits, DSD: DSD64/128

* DSD64 и DSD128 плејбек може да биде ограничен зависно од форматот.

[Формат на аудио плејбек]

MP3, M4A, 3GA, AAC, OGG, OGA, WAV, WMA, AMR, AWB, FLAC, MID, MIDI, XMF, MXMF, IMY, RTTTL, RTX, OTA, APE, DSF, DFF

[Bluetooth]

Dual Audio: поврзувајќи два Bluetooth уреди со Galaxy S20 FE се овозможува пуштање на звук истовремено на двата уреди.

* Двата поврзани уреди може да имаат различни аудио перформанси.

Scalable Codec: Подобрена Bluetooth конекција за мешање на амбиенталната радиофреквенција.

* Достапно е само со одредени додатоци направени од Samsung.

[Снимање на звук]

Квалитетот на снимањето на звук е подобрен со High AOP микрофонот кој ги минимизира пречките во гласната околина.

* AOP: Acoustic Overload Point

Видео

[Формат на плејбек видео]

MP4, M4V, 3GP, 3G2, WMV, ASF, AVI, FLV, MKV, WEBM

[ТВ поврзување]

Безжично: Smart View (screen mirroring 1080p со 30 fps)

Жично: поддржува DisplayPort преку USB type-C. Поддржува video out што се поврзува со помош на HDMI адаптер.

(DisplayPort 4K UHD со 60 fps)

Отпорен на вода

IP68

* IP68 се заснова на тест услови со потопување до 1,5 метри во слатка вода до 30 минути. Не се препорачува за употреба на плажа или базен.

 

а Samsung Electronics Co., Ltd.

Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата ги редефинира световите на телевизорите, паметните телефони, преносливите уреди, таблети, дигитални апарати, мрежни системи и меморија, системи LSI, леени и LED решенија. За најновите новости, посетете ја Samsung Newsroom http://news.samsung.com.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This