April 20, 2024, 12:00 am

Претставничкиот дом започна дискусија за отстрaнување на Трамп од претседателската функција

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Комитетот на Претставничкиот дом (Долниот дом на Конгресот на САД) почна  дискусија за следните законодавни чекори што треба да се преземат по неодамнешните настани во Вашингтон.

Се очекува денеска во Претставничкиот дом по дебатата да се гласа за активирање на 25-от амандман на Уставот. Во случај на смрт на претседателот или неможност да ги извршува своите должности, потпретседателот ги презема до крајот на неговиот мандат, се вели во текстот.

Подносителите на резолуцијата го повикуваат потпретседателот Мајк Пенс да се повика на тој амандман и да го тргне Трамп од власт.

Конгресменот Џејми Раскин, кој ја подготви резолуцијата, рече дека претседателот е одговорен за немирите во Капитол минатата недела, и со тоа го оправда потегот.

Републиканецот Џим Џордан се спротивстави на резолуцијата, велејќи дека мерката дополнително ќе ја подели нацијата.

Пенс не даде индикации дека е подготвен да го следи тој курс, што ќе вклучува активирање на 25-от амандман на Уставот, вклучително и мнозинство гласови во кабинетот за соборување на Трамп пред да ја напушти функцијата на 20 јануари.

Државниот секретар на САД, Мајк Помпео го откажа своето патување во Брисел, што требаше да биде последно деловно патување за време на претседателскиот мандат на Трамп. Патувањето е откажано поради стравувања за потенцијално насилство од демонстранти на инаугурацијата на новоизбраниот претседател Џо Бајден на 20 јануари, соопшти Стејт департментот.

Откако беше објавено дека Помпео ќе патува за Брисел, Стејт департментот соопшти дека мора да го откаже патувањето на високи функционери, вклучувајќи го и Помпео, кој требаше да се состане со Јенс Столтенберг, генералниот секретар на НАТО и белгискиот министер за надворешни работи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This