ПРЖИНСКА ВЛАДА, ПА ИЗБОРИ: Неопходни ни се фер избори, лажирањето и притисоците продолжуваат!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во вечерашното гостување на „Отворено“ на телевизија Алфа, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ побара предвремени парламентарни избори согласно законските измени каде се гарантира Пржинска влада, дел од институциите владините министерства ќе има луѓе од најголемата опозициона партија во случајот ВМРО-ДПМНЕ. И тие ќе ни гарантираат нас фер изборен циклус.

Инаку да немате дилема ВМРО-ДПМНЕ ќе победи без разлика ќе има предвремени или редовни парламентарни избори. И ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на следните претседателски избори и јас тоа го кажувам овде со полна одговорност. Нас ние неопходен фер и демократски изборен циклус, појасни Мицкоски.

Мицкоски образложи дека лажирањата, злоупотребите и манипулациите веќе се започнати.

Вие имате вештачки работни места по институциите на дневна основа СДСМ по институциите вдомува по десетици нивни членови. Вие имате судски процес кој што како Дамолков меч му стои на ВМРО-ДПМНЕ за наводно финансирање на политичката партија. На начин на кој што истите се финансираат сите политички партии во Република Македонија. Имате насила буткање за законот за Антикорупција кој што утре ќе се најде пред народните избраници во парламентот со европско знаменце по скратена постапка, до сега што не се случило. Немаме една туку злоупотреба на квадрат. И вие велите ќе имаме фер изборен циклус. Како ќе имаме фер? Кој е тој што нас ќе ни гарантира фер избори во Република Македонија?

Ајде да имаме фер, да се одважи Зоран Заев, нека се одважат сите тие околу Зоран Заев, Оливер Спасовски, Радмила Шекеринска и компанија. Нека остават граѓаните фер и демократски да одлучат за кого ќе гласаат па да видите дали консензуален кандидат на Зоран Заев или предлогот на ВМРО-ДПМНЕ ќе освои убедлива победа, нагласи Мицкоски.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This