ПРИВАТНИОТ ЖИВОТ НА ВУЧИЌ СЕ КРИЕ ОД ОЧИТЕ НА ЈАВНОСТА: Која е првата дама на Србија?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За приватниот живот на премиерот на Србија, Александар Вучиќ, скоро ништо да не се знае. Голем дел од информациите поврзани со него се обвиткани во тајност, а српските медиуми многу оскудно пишуваат за него и она што се случува со него на приватен план.

вуциц

На сите медиуми во Србија, на крајот од 2013 година им било забрането да пишуваат за неговиот брак, па ретко кој разбрал дека Вучиќ се преженил.

Неговата прва жена е поранешна уредничка на телевизија “Пинк”, Ксенија Јанковиќ. Стапиле во брак во 1997 година во Нови Сад.

Весниците наведуваа дека Вучиќ се оженил со Ксенија бидејќи таа останала бремена, а Шешељ инсистирал  Вучиќ се ожени, бидејќи во спротивно не би било фер и чесно.

– Ако сакаш сериозно да се занимаваш со политика, не може да имаш вонбрачни деца. Ожени се, остани во бракот колку што можеш, а потоа, ако не оди, разведи се – го поучил Воислав Шешељ.

вуциц2

Откако дознава дека помладата сестра на Ксенија, всушност не и е сестра, туку вонбрачна ќерка, Александар Вучиќ се впушта во неколку други афери, од кои едната за врската водителката на РТС Петра Цвијиќ јавно беше обелоденета.

Сепак главен виновник за распад на неговиот прв брак е Тамара Ѓукановиќ, која останала бремена од српскиот премиер.

Александар и Ксенија се развеле на една недела пред неговата втора свадба, и покрај противењето за развод на неговата прва сопруга. На денот на свадбата, Ксенија Јанковиќ преку Твитер порачала дека нема да се откаже од Александар, па дури и по разводот го задржала презимето Вучиќ.
Александар Вучиќ стапи во брак со Тамара Ѓукановиќ, со која бил во врска веќе пет години пред разводот.
вуциц3
На свадбата присуствувал целиот врв на СНС, како и сите од најважни претставници на медиумите. Иако сите сликале и снимале ниту еден од нив не се осмелил официјално да потврди дека сегашниот премиер се преженил,  додека тој самиот не даде дозвола да се објави една слика од нивниот прв заеднички појадок.Информацијата за неговата свадба и неколку слики се појавија во хрватските медиуми.Но, кога виде дека информацијата веќе излезе во јавност, одеднаш се појави слика на Вучиќ која потврди дека тој навистина се оженил по втор пат и – тоа е тоа. А претходно, никој не смеел да праша дали е вистина дека се разведува и дека се подготвува да се прежени со втората сопруга.вуциц4

Александар Вучиќ веројатно очекувал дека фотографијата која покажува како доручкува со неговата втора сопруга ќе стави крај на сите приказни и гласини за неговиот љубовен живот, додека во реалноста само го подгреа интересот на љубопитните луѓе.

Потоа како бомба одекна веста дека Тамара го изгуби бебето, кое требаше да се вика Нева.И сега тој јавно не се појавува со Тамара, па неизвесно е дали се се уште во брак.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This