Приватниците и бизнисмените се оставени без помош од државата кога токму државата треба најмногу да им помогне

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Носителката на листата во Шестата изборна единица од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојановска со дел од кандидатите за пратеници беше на средба со сопственици на приватни фирми во Тетовско. Од Фалише истакна дека економијата досега е во лоша состојба.

-Газдите на овие фирми ни велат дека економијата ни е уништена и дека не треба да сме економски експерти за тоа да го согледаме. Секојдневно имаме поскапувања, вработувања нема, а приватниците и бизнисмените се оставени без помош од државата кога токму државата треба најмногу да им помогне. Економијата е наука и ако некој не може да биде во полза на граѓаните, тогаш тој некој може да стане економски убиец на сопствената држава, рече Стојановска.

Според неа, овие состојби се случуваат три години наназад.

-Затоа ни е потребна сериозна обнова. Обнова којашто ќе направи младите да немаат долг за утре, а истовремено на тие млади денес да им се делат некакви ваучери. Тие ваучери не се ни милостина ни некаков економски изум од сегашната власт. За тие ваучери парите се наши и ние ќе ги враќаме долговите за нив. Затоа велам дека е време за сериозна обнова на високите места на ранг-листите меѓу најдобрите. Ние тоа го можеме, го знаеме и сакаме да го направиме, истакна Дафина Стојановска.

Кандидатите за пратеници попладнево ќе остварат средби со жителите на местата во општина Брвеница.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This