Приведени двајца угостители поради прекршување на протоколите за работа при епидемија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

При ноќешната акција за контрола на угостителски објекти заедно со Државен пазарен инспекторат тетовската тетовската полиција привела двајца сопственици на локали во Копачин дол, општина Желино.

Нивните локали работеле после дозволеното работно време и спротивно на новите протоколи за работа на угостителските објекти.

-Околу 22 часот и 50 минути во тетовски Копачиндол, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Н.Р.(32) од ова село за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“. Н.Р. бил задржан во Полициската станица. За истото дело приведен и е Л.С.(30). Двајцата биле задржани за расчистување и документирање на случаите и ќе добијат соодветни поднесоци, информираат од СВР Тетово.

Инаку извршена е контрола на 18 угостителски објекти во општините Тетово, Желино и Јегуновце.

Во изминатото деноноќие при конторла на мерктие за спречување на епидемијата, за неносење заштитни маски на 119 луѓе изготвени им се прекршочни платни налози, согласно член 6 од соодветната владина Уредба.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This