ПРИВЕДЕН ВАСЕ ДОНЕВСКИ: Поранешен директор на СОЗР

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Според информации кои ги објави Фактор, полицијата го привела Васе Доневски, поранешниот директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија.

Васе Доневски  најверојатно е одведен на распит поради сомнежи за злоупотреба на службена положба за времето додека бил директор на СОЗР.

Во јуни, минатата година Владата на Република Македонија уште на почетокот го разреши Доневски и за нов директор на СОЗР го назначи Пеце Мирчески од СДСМ.

Аналитичарите сметаат дека приведување на поранешниот директор на СОЗР, Доневски е обид за дефокусирање на јавноста од донесувањето на Законот за јазици со кој според многумина се разградува државата и е само почеток во федерализацијата на земјата.

Причините за приведувањето не се познати, но се очекува и во наредните неколку дена да има слични „спектакли“ се со цел одвлекување на вниманието на јавноста.

МВР засега не дава потврда за оваа информација, но чекаме дополнителни детали за постапката.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This