Приведен жител од Радовиш баран со централна потерница

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На 11.06.2021 во 21:15 часот од страна на полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Одделение за потрага и Специјалната антитерористичка единица „Тигар”, во содејство со СВР Штип, на регионалниот пат Плачковица-Штип, с.Таринци, бил лишен од слобода Е.А.(33) од Радовиш.

За него била распишана централна потерница за доиздржување на затворска казна од 4 години, 9 месеци и 5 дена во Казнено-поправната установа Затвор Идризово.

Лицето е осудено на вкупна затворска казна од 7 години и 3 месеци, во врска со чл.378 од Кривичниот законик.

Е.А. бил предаден во СВР Штип за понатамошна постапка по што ќе биде предаден во казнено-поправната установа за доиздржување на казната.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This