Привремено пуштен во употреба граничниот премин кон Косово, Стрезимир-Рестилица

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Граничниот премин Стрезимир-Рестилица на македонско-косовската граница, од 18 јули до први септември ќе биде отворен за минување за граѓаните од двете земји, информираше за МИА Медат Куртовски, градоначалник на Општина Маврово и Ростуше.

Преминот ќе биде отворен секој ден од 08:00 до 20:00 часот, а за преминување ќе важат истите правила како и на другите гранични премини, односно патна исправа (пасош или лична карта и зелен картон за автомобил).

И овој летен период повторно ќе можеме да се движиме и дружиме со нашинците од Гора и се надеваме дека овој граничен премин во блиска иднина ќе биде функционален преку цела година во интерес на двете страни. Овој премин ќе биде многу значаен за развојот на туризмот на општините од двете страни на границата, како и за меѓусебното поврзување на жителите од општините Маврово и Ростуше, Центар Жупа и Дебар со жителите на општините Рестелица, Драгаш и Призрен – истакна Куртовски.

Со залагање на Куртовски, преминот кој подолг период воопшто не функционираше, беше отворен во истиот перод 2018, потоа и следната година, додека лани поради пандемијата не беше отворен.

Преминот Стрезимир-Рестилица, како привремен, официјално профункционира во август 2003 година и се користеше од март до октомври од 7 до 19 часот. Но, поради несоодветната патна инфраструктура, фрекфенцијата беше минимална.

Друштвата на Македонците од подрачјето на Гора бараат преминот да има постојан граничен режим, што значи да биде отворен 24 часа и да може да минува секој. Тие во барањето наведоа дека во отворањето на преминот од Гора гледаат надеж за економска соработка и нивен опстанок таму.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This