ПРИДАВКАТА ВО „РЕШЕНИЕТО“ КОБНА ЗА МАКЕДОНИЈА: Коѕијас бара Скопје јавно да каже која е придавката на комплексното име

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

CNN Грција го пренесе интервјуто министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас. Според грчкиот медиум Коѕијас го повикува Скопје јавно да ја обелодени придавката на именката која ќе биде дел од сложеното име.

,,Грчката влада превзема одговорност јавно да објави дека сака промена на името, дека името ќе биде комплексно за општа употреба, специјално дефинирано и истакнавме дека името ќе го содржи терминот ,,Македонија’’. Ние ја завршивме нашата работа, Јас сеуште очекувам Скопје јавно да излезе со комплексно име и придавката која ќе стои пред именката и да и ја обелодени на јавноста’’ вели Коѕијас.

CNN Грција додава ,,Коѕијас нотирал дека грчката влада ја припрема грчката јавност за решението на спорот и е загрижени поради фактот што македонската страна не го прави истото’’.

Интервјуто на Коѕијас го пренесува и грчкиот портал Greek Reporter чиј наслов на веста гласи ,, Грција сеуште очекува од Скопје јавно да разговара за македонското име’’. Според порталот, Грција е загрижена од недостигот на подготовка на јавното мислење во Скопје пред изнаоѓањето на договор за спорот за името со ФИРОМ.
,,Официјално Скопје треба да и објасни на јавноста која придавка ја сака пред именката?’’ пренесува грчкиот медиум.

Порталот 24/7 News оди со насловот ,, Официјално Скопје треба да и објасни на јавноста која придавка ја сака пред именката?’’. Порталот го пренесува и неговиот тврд став дека ,,не смее да има преговори за преговорите’’ , објаснувајќи дека договорот мора да биде во соогласност со желбата на соседната држава да стане дел од огранизациите во кој посакува да членува. Во однос на промената на името во уставот на новинарско прашање во интервјуто за Euronews, Коѕијас коментира дека името треба да биде дел од уставните промени.

Грчките медиуми пренесуваат дека грчката и македонската страна сакаат да дојдат до решение и токму поради тоа сите отворени прашања се на маса и за се ќе се преговара. Во истоименото интервју Коѕијас вели дека во однос идентитетските прашања ставовите на Грција ќе бидат соопштени во понатамошниот тек на разговорите,а јазикот и националноста ќе бидат дел од договореното.

Додека македонската влада пробува преку разни соопштенија да ја смири јавноста, истражувачкото новинарство во Македонија го обелодени постоењето на план на Заев за промена на уставното име уште на први август 2017 година. Имено порталот нашиот портал пред средбата во Подгорица на Зоран Заев со Мајк Пенс објави дека Зоран Заев превезел обврска на потпретседателот на САД Мајк Пенс да му претстави јасен план за промена на името на Република Македонија во насока на влез на државата во ЕУ и НАТО. Нашиот портал Инфомакс во Follow up вест додаде дека Заев пред Пенс изнел неколку предлози за ново име на Македонија, па Република Македонија во иднина би можела да се вика „Горна Македонија“, „Северна Македонија“, или „Република Македонија (Скопје)“и оти Заев од Американците побарал и поддршка за спроведување референдум за промена на името бидејќи се плаши од немири.

Почесниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер, Никола Груевски во изборната кампања од локалните избори, но и пред парламентарните избори постојано предупредуваше дека крајната цел на целото сценарио за носењето на СДСМ и Зоран Заев на власт е промена на името на државата и идентитетот на македонскиот народ.
Нема поправање, нема каење, за Македонија се работи, предупреди тогашниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на митингот во Штип уште во декември 2016 година.
Зборувајќи за намерите на сценаристите кои го најмиле Зоран Заев за да ги спроведе нивните намери, Груевски нагласи дека ако се направи грешка, таа ќе биде кобна, нема враќање назад.

 

 

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This