ПРИЗЕМЈЕНИ И АВИОНИТЕ: Од многу „ајро“ не летаат и авионите од и до аеродромот „Александар Велики“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Маглата која го зафати скопскиот регион предизвика проблеми во авиосообраќајот. Дел од летовите на скопскиот аеордром се откажани, а дел се пренасочуваат на аеродромите во Охрид и Приштина.

Според информациите објавени на веб страницата на скопскиот аеродром, откажани се полетувањата за Истанбул, Виена, Базел, Будимпешта и Дубаи, а реализирани се само летовите за Љубљана и Дортмунд.

На скопскиот аеродром слетале само авионите од Љубљана, а откажани се летовите од Истанбул и Виена. Летовите од Дубаи, Брисел, Лондон и Будимпешта се пренасочени кон Охрид и Приштина.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This