Приказна која го растажи светот: Педијатар ја споделил смислата на животот од разговорите со децата на смртна постела

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Еден педијатар од Јужна Африка споделил емотивни разговори со своите пациенти во терминална фаза, во доба од четири до девет години, а кога ќе ги прочитате нивните одговори ќе сфатите дека овие малечки веќе ја откриле смислата на животот.

Педијатарот Аластер Мекалпин од Јужна Африка одлучи да им постави неколку големи филозофски прашања на своите пациенти на смртна постела, а тој ги прашувал во што најмногу уживале во животот и како луѓето, местата и работите го прават животот значаен. Она што најмногу нè изненади се длабоките и мудри совети кои децата ги споделиле со него.

“Смеата секогаш ја олеснува болката”

Ниту едно дете не кажало дека сака да помине повеќе време гледајќи телевизија или седејќи на Фејсбук, а уште една работа околу која биле едногласни е дека во ниту еден момент не уживале во расправиите со другите или во својот престој во болница. Многумина од нив со радост ги раскажувале моментите кога си играле со своите домашни миленичиња.

Педијатарот слушнал многу реченици како: “Го сакам Руфус, неговото смешно лаење секогаш ме смее” или “Сакам кога Гини ќе легне до мене во текот на ноќта и кога ќе почне да преде”.

Сите деца изјавиле дека ги сакаат спомените од годишните одмори, пливањето и играњето во песокот и сите деца сакале сладолед, играчки и раскажување приказни.

Она што на докторот му било посебно емотивно е тоа што речиси сите деца ја избрале љубезноста како најважна човечка особина, а смеата и луѓето кои ги смеат биле најубавите делови од нивните животи.

“Смеата секогаш ја олеснува болката”, напишал педијатарот.

Потсетник за она што е навистина е важно во животот

Од друга страна, децата се потсетиле и на тажните делови од животот. Многумина од нив, посебно постарите деца, изразиле грижа за тоа како нивните родители ќе се сносат со нивната смрт. Други рекле дека би сакале да поминат помалку време грижејќи се за мислењето на другите и се присетиле на сите пријатели кои ги посетувале во болница и на кои не им било важно што нивната коса е опадната или што имале рани и лузни од операциите.

И за крај, педијатарот рекол дека сите деца најмногу од сè го ценеле времето поминато со своите семејства. Поради сè што слушнал, тој споделил важна порака како потсетник на она што е навистина важно во животот.

“Бидете љубезни. Читајте повеќе книги. Поминувајте повеќе време со своето семејство. Одете на плажа. Прегрнувајте го вашето куче. Кажете им на сите посебни луѓе во вашиот живот дека ги сакате. Тоа се работите кои овие деца би сакале повеќе да ги прават во нивните животи. Сè останато се само детали. И да… јадете сладолед”.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This