ПРИМЕР ЗА ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ: Рускиот „крал на алуминиумот“ Олег Дерипаска ќе гради три бoлници во Русија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Рускиот милијардер Олег Дерипаска, познат и како „кралот на алуминиумот“, одлучи да финансира изградба на три болници во Иркутската област, во кои ќе се лечат заболените од коронавирусот, соопшти регионалната прес служба на регионалната управа

Како што се наведува, наскоро ќе се започне со изградба на медицинските установи во Братскиот капацитет со 30 места и Тајшет исто така со капацитет за 30 заболени. Во Шелехово ќе се гради болница со најголем капацитет од 100 места, на локација на некогашната инфективна клинка.

Покрај тоа, рускиот бизнисмен на секој од градовите ќе им обезбеди и возила за брза помош.

Дерипаска на шефот на Иркутската област ја соопшти својата одлука за време на приватна посета, за време на која разговрал за мерките во борбата против ширењето на коронавирусот во таа област.

Олег Дерипаска е сосопственик на компанијата „Русал“ и „Ен Плус“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This