ПРИМЕР ШТО ТРЕБА ДА ГО СЛЕДИ И МАКЕДОНИЈА: Централната банка на Кореја размислува да креира дигитална валута

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Централната банка на Кореја изрази интерес за воведување дигитална валута и моментално ја истражува оваа можноста.

Во соопштението, Банката на Кореја потврди дека започнала со проучување на крипто-валутите и дека треба да ги објави своите препораки во врска со нив, вклучително и планот за евентуално издавање на своја крипто-валута, во текот на првата половина од годината, објави Кореј Тајмс.

“Тим од аналитичари ја проучува можноста за издавање на крипто-валута од страна на Централната банка на Кореа и како дигиталната валута ќе влијае врз целокупниот финансиски сектор во земјата. Ние ќе ги објавиме првичните резултати до крајот на јуни”, се вели во соопштението на банката.

Монетарните власти истакна дека во моментов е прерано да се елаборира дали ќе се креира таква валута, но истакнаа дека со внимание ги следат поврзаните случувања низ целиот свет.

Постои загриженост дека дигиталната валута би можела да ги дестабилизира традиционалните заемодаватели доколку се појави одеднаш.

Неодамна, Банката на Кореја, исто така, најави дека размислува за употреба на крипто-валути својот пилот проект општество”без физички пари”.

Преминување во безготовинско општество може да ги намали трошоците за 1,1 отсто од БДП на Кореја, според аналитичарот Квак Хун-соо.

“Тоа може да ја елиминира сивата економија, а со тоа да ја подобри еквивалентноста во оданочувањето. Куферите полни со банкноти што ги гледате во филмови ќе исчезнат во реалноста”, изјави експертот за CNN.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This