Примирјето во сила од петок, објавија израелските медиуми

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Непријателските акции меѓу Израел и Хамас продолжуваат и денес. И покрај апелот на претседателот на САД, eо Бајден, „да очекува деескалација на конфликтот“, премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, најавува нови напади.

Во меѓувреме, израелскиот канал 12 објави дека примирјето ќе започне во петок попладне. Потврда за можно примирје објави и Хамас, односно заменик-шефот на политичкото биро на Хамас кој изјави дека очекува вечерва да биде постигнат договор за прекин на огнот, кој ќе стапи на сила за два дена.

“Мислам дека медијацијата за прекин на огнот ќе успее. Равенката беше јасна – ако тие го зголемат насилството, ќе го зголемиме и ние. Ако ги насочат ракетите, така ќе сториме и ние. Ако застанат, ќе престанеме и ние”, рече тој.

Денес четири ракети биле истрелани кон Израел од територијата на јужен Либан, објавија израелските одбранбени сили. Израел возврати со артилериски оган.

Израелските воени претставници соопштија дека повеќе од 50 израелски авиони погодиле 40 подземни цели на Хамас во Газа.

Министрите за надворешни работи на Германија, Чешка и Словачка утре ќе пристигнат во Израел, соопшти денеска израелското Министерство за надворешни работи.

Дипломатите доаѓаат на покана од министерот за надворешни работи Габи Ашкенази да ја изразат својата солидарност и поддршка за Израел за време на неговата кампања против палестинските милитанти во Појасот Газа, пренесува АП.

По 10 дена жестоки судири меѓу Израелците и Палестинците во Газа, расте меѓународниот притисок врз Израел со цел деескалација на конфликтот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This