April 26, 2024, 11:14 am

ПРИМИСЛАВ ДИМОВСКИ БИЛ НА СЛУЖБЕНА ЗАДАЧА: МВР демантира дека началникот на „Алфа“ бил на одмор со службено возило

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Службеното возило на шефот на алфите е фотографирано во Охрид, а според неофицијални информации Примислав Димовски, командант на единицата Алфа минатиот викенд со службениот автомобил марка Шкода престојувал во Охрид каде неофицијално бил на свадба кај негов пријател

Од МВР пак демантираат:

Во врска со информациите кои излегоа во некои медиуми за наводо прекршување на Наредбата за користење на службени возила во МВР, Ве информираме дека Примислав Димовски –началник на Единицата за прв одговор и интервенција – АЛФА согласно Наредбата, а во врска со Правилникот за распределба , користење ,одржување и обновување на возилата на Министерството за внатрешни работи има право на 24 часовно користење на службеното возило.

МВР е запознаено со движењето и користењето на возилото во дадениов случај од страна на началникот и Ве информираме дека истото е направено заради извршување на службени задачи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This