ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ БИЛ ЛУДО ЗАЉУБЕН ВО ДРУГА ЖЕНА КОГА ЈА ЗАПОЗНАЛ КЕЈТ!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Иако нивната љубовна приказна звучи како бајка, принцот Вилијам и Кејт Мидлтон исто така наидувале на потешкотии во текот на својата врска.

За среќа, сите нивни проблеми се случувале многу претходно пред да застанат пред олтар во 2011-та година, па така сега сето тоа е позади нив.

Веќе пишувавме за нивното прекинување во 2007-ма година, но сега испливаа уште некои детали од љубовниот живот на Вилијам, кои се однесуваат на Кејт.

Имено, пред Вилијам на факултетот да ја запознае својата идна сопруга, бил во „страствена врска“ со својата пријателка од детството, Арабела Мусгрејв, како што открила во биографијата „William and Harry: Behind the Palace Walls“ експертката за кралското семејство, Кејти Никол.

Арабела била дел од т.н. „Glosse Posse“ екипа, која ја сочинувале најблиските пријатели на Вилијам и Хари и добивала покани за сите забави кои ги приредувале принцевите во подрумот на кралскиот имот во Хајгрув. На една од тие забави, принцот Вилијам забележал дека неговата пријателка од детството „процветала“.

„Додека Арабела се шеташе низ просторијата, Вилијам мораше да ја погледне два пати за да се увери дека тоа е навистина таа. Арабела се ‘претвори’ во прекрасна девојка, поради што тој се запрашал како дотогаш не забежал“, пишува во биографијата.

Се прашувате што се случило потоа?

„Танцуваа и играа до зори, а кога Арабела отиде да спие, после неа замина и принцот Вилијам. Тоа беше почетокот на страствената романса и тие двајца целото лето го поминаа заедно“, напишала Никол.

Нивната врска била толку сериозна, што Вилијам за неа му кажал на својот татко, од кој добил благослов. Кога есента заминал на факултет, Арабела толку му недостигала што наводно размислувал за откажување од школувањето и враќање во куќата само за да поминува време со неа. Но потоа во неговиот живот влегла Кејт Мидлтон.

Тие двајца се запознале кога Вилијам бил прва година на факултет и таа наводно го убедила да не се откажува од школувањето, пренесува „The Sun“. Кога бил втора година, тој и Кејт започнале за живеат заедно, а останатото е историја.

Ако се прашувате што се случило со Арабела, не се грижете, и таа повторно нашла љубов. Во 2014-та година се венчала за Џорџ Галиерс Прат и моментално работи како водителка на ПР одделот на модната куќа Гучи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This