March 29, 2024, 10:16 am

ПРИНЦОТ ДОЈДЕ ВО МАКЕДОНИЈА:Принцот Едвард пристигна во Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од 14 до 17 мај грофот од Весекс, Принцот Едвард ќе престојува во официјална посета на Словенија, Македонија и Хрватска. Тој денеска пристигна на аеродромот во Скопје каде беше пречекан од Радмила Шекеринска, вицепремиер и министерка за одбрана.

Принцот Едвард ќе оствари билатерална средба со македонскиот претседател Стево Пендаровски, а заедно со премиерот Зоран Заев ќе присуствува на прием со Чивнинг стипендисти на британската влада, како и млади лидери и едукатори.

Тој во текот на посетата ќе биде запознаен со примери за помошта што Обединетото Кралство ја нуди за нашата земја во областа на ран детски развој и образование, како и за работа која ги поврзува двете земји во различни области.

Ова е втора посета на принцот Едвард на Македонија. Тој во 2006 година ги отвори новите простории на британската амбасада.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This