April 26, 2024, 10:14 pm

Принцот Филип (97) и понатаму вози, Британците го молат да престане

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Војводата од Единбург повторно е виден како вози нов Ленд Ровер и тоа без заштитен појас само два дена откако учествуваше во сообpаќајка во близина на Сандрингем во Норфлок. Фотографии објавија Дејли мејл и Сан на кои се гледа како принцот Филип (97) управува возило на имотот во Сандрингем.

Новиот модел на Фрилендер во кој принцот е виден на местото на возачот, е испорачан во петокот.

Принцот Филип беше повpеден во сообраќајка во четвртокот откако се судpи со автомобил Киа. Две жени во тоа возило се здобија со повpеди.

Познатиот ТВ водител Џереми Кларксон им се придружи на Британците кои го повикуваат принцот Филип да се откаже од возење.

– Секогаш ни зборуваат дека постарите возачи се подобри, поискусни и посигурни од помладите, но ми се чини дека тоа и не е баш така, напиша тој.

Сообраќајkата поттикна на социјални мрежи расправа за тоа дали стари лица треба да управуваат возило. Според британски закон, возачи постари од 70 години мора да поминат систематски преглед пред да продолжат возачка дозвола.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This