ПРИОРИТЕТ Е ДА СЕ ИЗБЕГНЕ ВОЈНА: Рускиот претставник во ОН бара начин да се избегне директен судир

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Русија побара Советот за безбедност на ОН да се состане денеска за да разговара за Сирија и побара од генералниот секретар на ОН, Антонио Гутеррес, јавно да го информира телото од 15 члена.

Барањето следи по итната молба од московскиот амбасадор на ОН, Василиј Небензиа, дека непосредниот приоритет е да се спречи војна.

“Се надеваме дека нема да дојдеме од точка од каде нема враќање, се надеваме дека САД и нивните сојузници ќе се воздржат од воена акција против суверена држава. Вие разбирате дека опасноста од ескалација е повисока од едноставно причина што Руската војска се наоѓа во Сирија на покана на сириската влада “, изјави Небензиа за новинарите.

Во меѓувреме, тим експерти на ОН е на пат да го испита местото каде наводно се случил нападот со хемиско оружје кој ја предизвика актуелната криза. Русија ја поддржува посетата на тимот експерти.

Русија, Сирија и нејзиниот главен поддржувач, Иран, соопштија дека извештаите за нападот со хемиско оружје во Дума на 7 април биле фабрикувани од бунтовници и и ги обвинија САД за обид да го искористат нападот како изговор за напад врз сириската влада .

Русија соопшти дека распоредила воена полиција во Дума во четвртокот откако градот бил преземен од страна на владините сили.

“Тие се гарантите на законот и редот во градот”, новинската агенција РИА ја цитираше изјавата на руското министерство за одбрана.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This