ПРИСТИГНА ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО НА ПАПАТА: Папата Франциск во прва посета на Република Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На Аеродромот Скопје и околу него е забележливо значително присуство на полиција и специјалци. Аеродромот го надлетува и хеликоптер.

Медиумскиот интерес осатна слаб со само 10-тина медиуми присутни да го пречекаат папата.

Инфомакс ќе ја следи посетата на папата Франциск во живо.

Папата Франциск, според најавата, треба да пристигне на Аеродромот Скопје околу 8:15 часот каде што ќе биде пречекан од претседателот Ѓорге Иванов и премиерот Зоран Заев. Од таму ќе се упати во претседателската Вила Водно, каде ќе се одржи официјална церемонија, а тој ќе има обраќање пред државните власти, граѓанското општество и дипломатскиот кор. Папата потоа ќе има средба и со верските лидери во Спoмен куќата на Мајка Тереза.

На плоштадот „Македонија“ поглаварот на Римокатоличката црква ќе отслужи Света литургија. По литургијата папата ќе одржи Екуменска и меѓурелигиска средба со младите во Католичката црква, а потоа и со свештениците и нивните семејства.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This