ПРИТВОРЕНИТЕ ЗА 27-МИ СЕ СИМБОЛ ЗА СТРАДАЊАТА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД: Во Шутка се чуваат затворени луѓе чиј единствен грев е нивната љубов кон татковината

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Драги луѓе, денес, во затворот Шутка се чуваат затворени луѓе, чиј што прекршок е тој што според критериумите на оваа власт ги изразиле „погрешните“ мисли и чувства.

Тие се затворени како симбол за затворањето на македонскиот народ, кој сака да си ја види својата држава слободна и независна, а не продадена, омажена или трампана.

Некои од затворените се во домашен притвор, но некои се сé уште во Шутка, најозлогласената затворска установа во цела Македонија.

Верувам, дека многумина од вас со огорченост, со револт и со сочуство, помислувале на нив. Верувам, дека многумина од вас, размислувале за начини како да им се помогне.

Спротивно на првичните информации кои што ги добивме од затворот Шутка, сепак не можело директно на лице место да се уплатат пари за конкретни притвореници, туку се уплаќаат во пошта. Ова е одлична информација!

Одлична затоа, што патот до затворот Шутка и онака одзема многу време, без разлика дали се оди со автобус или со автомобил. Исто така, не сите живеат во Скопје, нити пак во Македонија, така што на овој начин, секој кој што сака да испрати еден или повеќе мали поздрави, може да си оди во една од подружниците на поштата во својот град и да ја изврши уплатата. Значи НЕ МОРА да се оди до затворот, поздрав може да се испрати ВО БИЛО КОЈА ПОШТА. Ова со големи букви, затоа што некои од вас прашуваа.

На сликата е насликана уплатницата каква што е потребна, чини 6 денари и се купува директно на поштенскиот шалтер. Исто така, од сликата може да се види, како се пополнува. Воопшто не е важно, дали ќе испратите 50 денари или 500 денари. Помислата и физичкото дејство да се врзат чевлите и појде до пошта се оние фактори кои што ќе остават благороден печат.

Луѓето што се затворени се: Панче Ангелов, Игор Југ, Јане Ченто, Горан Ангелов, Кире…

Понекогаш, на светов постојат луѓе, кои што го носат заедничкиот товар на сите нас што ги делиме истите чувства и мисли. Понекогаш, имаме можност барем малку да им олесниме.

Господ да ве чува, или здравиот разум, кој во што си верува, и пред сé, бидете добри, затоа што добрината дава храброст, и затоа што таа најповеќе ќе ве чува и вас, и луѓето околу вас.

Кој мисли дека треба, нека сподели.

Среќна Нова Година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This