ПРИТВОР ЗА АТЕНТАТОРОТ: „Обид за убиство“ и 30 дена притвор за старецот кој се обиде да го убие Тодоров!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Судија на претходна постапка му изрече мерка 30-дневен притвор на лицето Стојановски Љупчо (57) за убиство во обид кој вчера пукаше во поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров.

Претходно единицата за насилен криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје против лицето Љ.С.(60) од с.Каласлари-Велес, поради основи на сомнение дека вчера пред Министерството за здравство, со употреба на огнено оружје-пиштол, врз оштетениот Н.Т. (38) од Скопје, поранешен министер за здравство, го сторил кривичното дело „убиство во обид“, соопшти МВР.

Како што се наведува во соопштението вчера околу 12:00 часот додека Н.Т., заедно со неговото обезбедување, се движел по скалите кон влезот на Министерството за здравство, каде требало да се изврши примопредавање на функцијата министер за здравство, Љ.С. се доближил до оштетениот со вперен пиштол кон него на растојание од околу 40 см, на што оштетениот реагирал на тој начин што го отурнал од себе. Во моментот кога Љ.С. бил отурнат од оштетениот, испукал еден проектил од пиштолот додека Н.Т. избегал низ влезната врата од Министерството за здравство каде ги известил вработените од обезбедувањето.

Од страна на вработените од обезбедувањето веднаш се преземени мерки и активности, при што во обидите да биде совладан, Љ.С. испукал уште еден проектил, по што пиштолот му паднал на земја и бил совладан.

По ова, од страна на вработените во обезбедувањето настанот бил пријавен на 192 и за кусо време пристигнале полициски службеници од ЕПОИ Алфа по што Љ.С. бил лишен од слобода и со возило на Итната медицинска помош во присуство на лекар, од местото на настанот бил пренесен до Ургентен клинички Центар „Мајка Тереза“ Скопје.

Во рамки на преземените истражни дејства извршен е и разговор со таткото на оштетениот, при што тој изјавил дека на вчера меѓу 8:15 и 8:45 часот, на домашната адреса на оштетениот во два наврати дошол пријавениот барајќи да се види со поранешниот министер за здравство.

На местото на настанот од страна на СВР Скопје-ЕУМНА е извршен увид и подигнатиот материјал – еден пиштол и други предмети, е доставен за понатамошна обработка, а пријавениот по укажаната лекарска помош е задржан во полициска станица. Во дадената изјава пред полициските службеници од Единицата за насилен криминал, Љ.С., во присуство на адвокат го искористил правото на молчење.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This