ПРИТИСОЦИТЕ ВРЗ ИВАНОВ СЕ ПОГОЛЕМИ: Бобан Нонковиќ открива шема на притисоци врз Иванов од страна на Клинтонови!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По критиките од Миленко дека сум станал како семафор на ФБ и само одбројувам мои емисии и ништо друго, еве да се вратам на она за што многумина ме прашуваат, а тоа е за некои случувања во Македонија околу политичката криза што се одвиваат „во позадина“ и за кои не се известувa – пишува Бобан Нонковиќ, дописник на МИА од Брисел на својот ФБ профил

nonkovik

Најпрво, сите знаеме дека претседателот Иванов е цел на силна меѓународна обработка со цел да му даде мандат на црпнатиот Клинтон-албански проект Заев да стане премиер на Република Македонија. Му се наредија на Иванов сите странски амбасадори, Могерини, Хан (он само се обиде, но не го виде) и крајно, нели и Доналд Туск.

Но, она што не е познато е дека во претседателската резиденција пристигнуваат и многу посилни странски емисари, а за кои не се известува, па ќе мора да ви каже дописникот од Брисел. 😉

Имено, деновиве кај претседателот на Македонија бил Душко Кнежевиќ, црногорски масон, основач на „Атлас Фондацијата“ која е спонзорирана од Рокфелер, Сорос, а типот е и член на „Сорос Глобал Иницијатива“ (мислам, видете му ја биографијава и се е јасно: https://en.wikipedia.org/wiki/Du%C5%A1ko_Kne%C5%BEevi%C4%87).

Кнежевиќ бил кај Иванов во име на Метју Палмер, дваесетгодишен ветеран во Службата за надворешни работи на САД, a кој во моментов служи како директор за мултилатерални работи во Бирото за Азија и Пацифик во Стејт департментот. Палмер е и член на Советот за надворешни односи, (организација на Рокфелер и Сорос), а и има работено како дипломат во целиот свет (всушност, видете му ја биографијата и суратот: http://www.penguinrandomhouse.com/aut…/240576/matthew-palmer).

Шеф на Палмер е Џонд Подеста, шефот на кабинет на Хилари Клинтон, за кој е познато од „каблите“ на Викиликс каква улога има(л) во разнебитувањето на Македонија, поддршката на Шарените и неговата изјава: „Јас таа земја секогаш ќе ја викам ФИРОМ, не Македонија!“ (http://iammacedonian.com/…/hillary-clintons-campaign-chair…/).

Е, сега, и Кнежевиќ, како човек испратен од Палмер/Подеста/Клинтоница, го добил истиот одговор од Иванов што го добија и Туск и Могерини (а посредно и Хан), но интересно е дека американскиот емисар имал повеќе понуди за шефот на македонската држава од закани. А, што му е нудено како награда на Ѓорге Иванов за да му го даде мандатот на Заев, треба самиот Иванов да си каже, но главно е што тој тоа не го прифатил!

Инаку, вмешувањето на овој силен тим на американската „длабока држава“ во убедувањето на македонскиот претседател, значи уште еден доказ дека „мочуриштето“ во САД почнува да пресушува и на овој воено-хушкачки тим на Килари им треба македонскиот буџет, покрај албанскиот кој им е целосно на располагање, за да го одржуваат платеничкото циашко тело во регионот, со оглед на тоа што Трамп им ја затвори чешмичката од буџетот на САД.

Симнувањето на македонското знаме во Куманово, како провокација, било показна вежба од оваа екипа дека имаат камиказа-Албанци кои може да направат и уште поголема меѓуетничка белја за да ги остварат нивните намери. Повикувањето на амбасадорот Бејли на рибање во Вашингтон било со таа цел да заборави на подземните игри во Македонија и да се подготвува за враќање во САД, каде треба да биде присутен за процесите што ќе се водат против Сорос, тимот на Килари и останатите поради злоупотреба на парите на УСАИД во регионот, а посебно од него во Македонија!

И за крај, само ќе прашам: „Абе како помина Груевски на Малта? Изолиран, а? Никој не сакаше да го види, а?“ 😉

(на сликите, Кнежевиќ е доле, Метју Палмер – горе)

palmerknezevic

14 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This