ПРИТИСОЦИ ВО РЕК БИТОЛА: Ако излезеш да гласаш на 29-ти ќе бидеш чистач!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нерегулаторностите од страна на владеачката партија СДСМ продолжуваат  понатаму и во Новаци каде жителите за идниот градоначалник ќе одлучуваат во вториот круг. Жителите на општина Новаци за избор за градоначалник ќе одлучуваат помеѓу кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

Поголемиот дел од жителите на оваа општина работат во РЕК Битола, а тие што се сметаат за симпатзери на ВМРО-ДПМНЕ се преместени од своите позиции.

-Ме преместија, прашав зошто, па ме викна еден колега и ми рече – ова ти е поздрав, ако излезеш да гласаш на 29-ти ќе си останеш да бидеш чистач. Па ти сега размисли што ќе правиш и како ти одговара, вели анонимен вработен во РЕК-от кој не криел дека е симпатизер на ВМРО-ДПМНЕ, поради што е и детектиран и врз него е извршена закана.

Слична била и ситуацијата пред митингот на ВМРО-ДПМНЕна 13-ти октомври во Скопје, кога луѓето намено беа стопирани да не можат да стасат на собирот во Скопје.

Оваа акција за закани и уцени е дел од целокупниот план на СДСМ за изборен инженеринг и фалсификување на волјата на граѓаните и резултираше со многу намалена излезност во првиот круг. Аналитичарите велат дека многу граѓани плашејќи се од заканите останале дома сметајќи дека сепак кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за кој би гласале сигурно ќе победи.

Според сведоштва на граѓаните и полицијата СДСМ на овие избори се служеше со поткуп кој во 90% од случаите беше штитен токму од партиски кадри во МВР.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This