ПРИТИСОЦИ ВРЗ ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ: Вработени во здравство се повикуваат на информативни разговори за објави на Фејсбук

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Секојдневните дописки и преписки со нас и со останатите колеги од новинарската фела укажуваат на тоа дека оваа вонредна состојба и периодот до изборите власта ќе се обиде да го искористи максимално да изврши притисок врз сите оние кои не размислуваат како неа.

Најподложни на тој притисок секако ќе бидат вработените во државните институции, онаму каде актуелните директори на власта најлесно можат користејќи го механизмот за подреденост во однос на работните скалила.

Оваа преписка ни ја прати вработен во здравствена установа во Република Македонија. Човекот кажа дека не се плаши од притисоците и уцените кои ги трпи и ќе се спроведуваат кон него на работното место во периодот кој следи, но исто така кажа дека ќе не извести за се што ќе се случува во периодов со цел да ја прикаже вистинската слика за тортурата на актуелната власт.

Засега вработениот побара да биде анонимен, но не ја исклучува можноста да го открие својот идентитет во некој од наредните текстови за кои е сигурен дека ќе ги има.

Инаку , здравството како гранка е една од најголемите во Република Македонија и гранка со најголем број на вработени, па следствено на тоа нормално е да постојат и луѓе со различно мислење од власта, но гледаме дека власта не е воопшто расположена да ги остави тие вработени да го кажат своето мислење и да го изразат својот став за актуелнава ситуација.

Здравството не е единствен пример каде се врши линч врз вработените кои се неистомисленици. Изминатиов период бевме сведоци за такви случаи во министерството за земјоделие, шумската полиција, македонски шуми и безмалку во сите останати држави институции.

 

No description available.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This