ПРИТИСОЦИ ВРЗ МРТВ: Како вистинска хунта, Забрчанец го укинал преносот во живо на дебаклот наречен прослава!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Заев синоќа доби директен црвен картон од народот кој во огромен број го бојкотираше настанот на владата наречен прослава , за наводното членство на државата во ЕУ и НАТО. Народот не излезе да ја прослави капитулацијата на Заев, ниту пак шизофрено да прослави нешто што што се уште не се случило, или пак народски кажано на нероден Петко капа да му крои. Ваквиот шамар од народот најтешко му падна на Марјан Забрчанец кој во раните утрински часови, односно 4:30 часот наутро во најмала рака напиша депресивен, но шифриран Фејсбук статус.

-Македонија во НАТО ама не вака. Е како? Е сега, како. Зависи од околностите.

Доколку кога прв пат ја објавивме оваа информација не беше јасно на што поточно се однесува оваа информација сега веќе е јасно дека се однесува на катастрофалната бројност на вчерашниот настан. Имено Инфомакс дознава дека Забрчанец ја има улогата на главен медиумски цензор вчера вечер, односно тој лично се јавил и го забранил пренесувањето во живо на ,,прославата’’ од страна на македонскиот национален радиодифузер. Забрчанец се обидел да ја оправдата ваквата постапка односно укинувањето на преносот со образложение дека не биле регулирани авторските права.

Но повеќе од очигледно дека ова е уште една шарена лага на хунтата, која очајнички, шизофрено во континуитет црното го претставува како бело, белото како розево, се со цел да ја доведе целата јавност во заблуда и да ја истера својата скриена агенда. Како во времето на Хитлер, Сталин или Мао, СДСМ се обидува преку медиумска цензура и целосна контрола на протокот на информации во медиумите да ја искриви сликата за Македонија. Но народот овој викенд на два пати кажа доста е, нема да ви помине. Најпрвин вчера кога ја бојкотираше опелата организирана од Владата на СДСМ и денес на протестот на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци каде масовно и со огромна бројка го искажа својот револт од политиките на власта.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This